fbpx
Таг: оставка

таг: оставка

Што зборуваше новиот кандидат за шеф на МВР, Чавков, со Јанкулоска

Митко Чавков, предлогот на премиерот Никола Груевски за нов министер за внатрешни работи, кој ќе дојде на местото на Гордана Јанкулоска, беше спомнат и во 27. „бомба“ на Зоран Заев. Кога ги објави разговорите, Заев рече дека тие се докази за тоа како кој го вршел прислушувањето. Еве го разговорот. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Митко Чавков. Чавков: Ало? Јанкулоска: Ало, Мите добро вечер, како...

Од СДСМ засега без реакција за серијата оставки

Од опозицискиот СДСМ велат дека засега немаат никаква реакција за оставките на министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, ниту, пак, за оставката на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Иако без официјални реакции, своите ставови високите членови на СДСМ ги искажаа на социјалните мрежи - Радмила Шекеринска на „Твитер“, а портпаролот Петре...

Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков си поднесоа оставки

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вечерва си поднела оставка на функцијата. Ова за „Мета“ го потврдија неофицијално извори од МВР. Оставката доаѓа по акцијата на безбедносните сили викендов во Куманово против, како што ја нарекоа од МВР, голема терористичка група, во која загинаа осуммина, а беа повредени повеќе од 30 полицајци. Оставка од Јанкулоска се бараше на протестите пред Владата, но тоа...

Пред Владата и денеска се бараа оставки

Голем број граѓани и денеска се собраа пред Владата за да го изразат својот револт. Со исвиркување и со транспаренти, тие побараа оставка на Владата, ослободување на притворените активисти и формирање преодна или техничка влада. - Ако до вчера бевме движење „Стоп за полициска бруталност“, сега сме движење за барање оставка од Владата која дозволи да загинат осум луѓе и...

Борисов до Груевски: Следи го мојот пример, дај си оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов смета дека несогласувањата и проблемите со кои се соочува Македонија се причина за загинувањата на полицајците во Куманово и го повика премиерот Никола Груевски да си поднесе оставка. - Јас дадов пример што треба да се прави кога има недоверба поради една или друга причина, или мешање во една влада. Потоа народот сам си ја враќа...

Шабани: Не мрдаме одовде додека Реџепи не си поднесе оставка

Ситуацијата во Исламската верска заедница е сè уште тензична и статус кво откако вчера скопскиот муфтија Ибрахим Шабани и неговите приврзаници упаднаа и го зазедоа седиштето на ИВЗ. Денеска пред седиштето на ИВЗ е мирно, но може да се почувствува извесна тензија, како ехо од вчерашните случувања. Неколкумина полицајци сè уште се пред влезот на службените простории и го контролираат...

Битолски наставници со петиции за смена на Јаким Неделков

Наставници од неколку училишта во Битола почнале да потпишуваат петиции за смена на претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Покрај за него, се бара морална одговорност и оставка и од почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветаноски. Во една од петициите потпишана од наставници, претставници на синдикатот од Техничкото училиште во Битола, се вели дека се бара оставка од Неделков поради „непочитување на...

ДИК ќе го разрешува претседателот на ОИК Центар

На следната седница на Државната изборна комисија (ДИК), Никола Рилковски, претседателот на комисијата ќе покрене постапка за да се разреши Коста Митровски, претседателот на Општинската изборна комисија во Центар, кој во еден од разговорите што ги објави СДСМ, на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му кажува како успеал да извлече четири избирачки списоци. Во изјава по денешната седница на...

Смена на премиерката на Перу поради шпионирање на ривалите

Премиерката на Перу најверојатно ќе поднесе оставка откако Конгресот со мнозинство гласови ѝ изгласа недоверба поради обвиненијата дека шпионирала политички ривали. За смена на премиерката Ана Хара Валаскез, која пред помалку од година ја презеде должноста, гласале 72 пратеници, додека 42 биле против. Валаскез, која демантира дека ги шпионирала политичките противници, сега има обврска да му поднесе оставка претседателот Оланта Умала,...

Љупчо Зиков си поднесе оставка од лидерското место на Алијанса за позитивна Македонија

Оставка на претседателската функција на Алијансата за позитивна Македонија поднесе Љупчо Зиков, кој вчера до главниот одбор на партијата ја достави писмената оставка, во која, покрај другото, наведува дека е незадоволен од функционирањето на партијата. „Оставката ја поднесувам заедно со поголем дел од членовите на извршниот одбор. Мојата и нашата процена е дека не постои брз начин за надминување на проблемите...

Министерот за финансии на Романија поднесе оставка

Министерот за финансии на Романија, Дариус Валцов, синоќа поднесе оставка откако против него е покрената истрага дека примил мито од два милиони евра во периодот кога бил градоначалник на Слатина. Валцов поднел писмена оставка неколку часа откако претседателот на Романија, Клаус Јоханис, го повика премиерот да го смени поради големите критики во јавноста на сметка на владата. Обвинителството во петокот го...

На седница на Совет денеска побарана оставка од градоначалникот Талески

Битолската опозиција денеска и официјално на седницата на Советот побара оставка од градоначалникот Владимир Талески. Откако во една од „бомбите“ на опозицискиот СДСМ беше објавена аудиоснимка во која, според Заев, вицепремиерот Зоран Ставрески зборува за криминал во работењето на градоначалникот Талески, денеска советниците на ЛДП и на СДСМ во општинскиот Совет побараа, како точка на дневниот ред, да се постави прашањето...

ДОМ бара оставка од јавниот обвинител

ДОМ смета дека политичката криза бара итни мерки за решавање во инстиуциите и оти е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата. „Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Собранието и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии. Потоа треба да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку...

Словенечката министерка за образование поднесе оставка

Словенечката министерка за образование, Станка Сетникар-Цанкар,  денеска поднесе оставка на функцијата откако во медиумите беше објавено дека во последните 11 години на име хонорари заработила 636.000 евра. Станува збор за хонорари што таа ги добивала паралено со платата од љубљанскиот Факултет за јавна управа, сè до изборот за министер минатата година. - Не се чуствувам виновна, но не сакам неоснованите критики...

ЗНМ: Груевски, Јанкулоска и Мијалков да поднесат оставки

„Бараме премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност  и контраразузнавање, Сашо Мијалков, да си поднесат оставки. Без оглед кој го нарачал прислушувањето, никој од надлежните не успеал да нè заштити“, реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Реакцијата на ЗНМ следува по прес-конференцијата на Зоран Заев, на која лидерот на опозицискиот СДСМ објави дека...

Милановиќ не размислува за оставка

Премиерот на Хрватска и шеф на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ, денеска одговори на повикот на новата претседателка на државата, Колинда Грабар-Китаровиќ, да поднесе оставка, велејќи дека Владата им одговара само на Саборот и на граѓаните. - Владата им одговара на Саборот и на избирачите, граѓаните кои кога гласале, знаеле кого бираат. Знаеле кој ќе им биде премиер. Саборот е највисокото тело...

Оставка си поднесе и економскиот директор на ФЗОМ

Оставка денеска си подел и и другиот директор на ФЗОМ, Џемали Мехази, објави телевизијата „Алсат М“. Мехази образложи дека оставката ја дава како чин на морална одговорност во врска со смртта на Тамара Димовска.  

Маја Парнаџиева-Змејкова си поднесе оставка: не сум ладен бирократ

Маја Парнаџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување, денеска си поднесе оставка од функцијата. Таа оставката ја образложи дека е од човечки причини. - Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денеска објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ - изјави Змејкова. Таа рече дека во нејзината кариера никогаш немала...

Претседателката на Хрватска бара оставка од премиерот

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ побара оставка од премиерот Зоран Милановиќ. Во соопштението кое е потпишано нејзиниот портпарол, Лука Ѓуриќ, се потсетува дека таа во телефонскиот разговор од 19 февруари најавила испраќање предлог за заедничка седница со Владата поради тешката економска и социјална состојба во земјата. Од кабинетот на Милановиќ испратија предлог до претседателката нејзините соработници да се подготват „за заедничката седница...

Претседателот на Италија поднесе оставка

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано поднесе оставка девет години откако стапи на функцијата, соопшти денеска неговиот кабинет. Наполитано го потпиша писмото за оставка, кое потоа ќе го достави до премиерот Матео Рензи и до претседателите на Сенатот и на Претставничкиот дом на италијанскиот парламент. Тој пред две недели, во новогодишно обраќање до Италијанците, најави дека наскоро ќе поднесе оставка од функцијата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...