fbpx

Директорот на „Фолксваген“ поднесе оставка

-

Генералниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, поднесе оставка поради манипулациите со тестовите на дизел-автомобилите на пазарот во САД, јавува „Би-Би-Си“.

„Шокиран сум од настаните што се случија изминатите денови. Ова го правам во интерес на компанијата, иако не сум бил свесен за какви било лоши постапки од моја страна. Со својата оставка отворам пат за нов почеток“, стои во неговата изјава.

Германскиот државен обвинител денеска покренаа прелиминарна кривична истрага поради скандалот со лажирање на податоците за емисија на штетни гасови, во кој е вмешана германската автомобилска компанија „Фолксваген“.

Истовремено, германската влада порача дека автомобилската индустрија ќе остане важен столб на економијата на Германија, без разлика на продлабочувањето на кризата со „Фолксваген“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.