fbpx

Туск: Да се врати контролата на надворешните граници на ЕУ

-

Лидерите на ЕУ мора да ѝ помогнат на Европа да ја врати контролата над своите надворешни граници, рече денеска претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск.

– Најитното прашање што мора да си го поставиме себеси вечерва е како да ја вратиме контролата над нашите надворешни граници. Во спротивно, нема воопшто смисла да говориме за заедничка европска миграциска политика. На испит, исто така, е и иднината на Шенгенскиот договор и чувството на ред во Европа, како и самиот европски дух – рече Туск неколку часа пред почетокот на вонредниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој, покрај тоа, повика на ставање крај на „циклусот меѓусебни контраобвиненија и неразбирање“, кои ги нарушиле напорите на ЕУ да дојде до заеднички одговор на најтешката бегалска криза по Втората светска војна.

Туск предупреди дека се укажува на тоа дека приливот на бегалци ќе се засили, особено зашто судирите во Сирија и во Ирак нема наскоро да завршат.

Претседателот на Советот на Европа истакна дека осум милиони лица се внатрешно раселени во Сирија, додека околу четири милиони побегнале во соседните земји, како што се Турција, Јордан и Либан.

– Тоа значи дека повеќе милиони потенцијални бегалци се обидуваат да дојдат до Европа, а не илјада – додаде поранешниот полски премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...