fbpx
Таг: Основен суд Скопје 1

таг: Основен суд Скопје 1

Продолжува судењето против 29 обвинети за случајот „Диво Насеље“

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, исказ треба да дадат сведоци за борбите во Диво Насеље и за нападот на караулата Гошинце, на 21 април. Обвинетите се товарат за кривичните дела...

Жалбите на Јанева одбиени – дефинитивно нема притвор за Јанакиески и за Темелко

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, ги одби како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, соопшти...

Кривичниот совет најдоцна до утре треба да одлучи по жалбите на Јанева

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, најдоцна до утре попладне треба да донесе одлука по жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судијата на претходна постапка кој ги одби барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Како што потврдуваат од судот за „Мета“, вчера пристигнале и жалбите на одлуките на судијата на...

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови кои содржат процедура по следнава...

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до...

СЈО: Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје, истрагата продолжува

Специјалното јавно обвинителство завчера преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека поднело жалба на одлуката на судот за неодредување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. „Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува“, стои во објавата на СЈО на „Фејсбук“. Совет на Основниот суд Скопје 1 составен од тројца судии во рок од...

Едмонд Темелко се врати во Пустец

Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец. Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство. За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен, каде...

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. Како што детално информираа од судот, другите...

Специјално јавно обвинителство: Судот пропушти шанса да се запише во историјата

Специјалното јавно обвинителство денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“ изрази разочарување од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба. „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“, стои во статусот објавен на страницата. Основниот суд Скопје 1, каде синоќа се вршеше распит на дел од осумте осомничени за изборни нерегуларности,...

Јанакиески и Темелко си заминаа од судот – одлуката ќе биде позната денеска

Околу три часот по полноќ, во Основниот суд Скопје 1 заврши распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Засега не се знае дали ќе им биде одредена мерка притвор. Јанакиевски и Темелко го напуштија судот без да дадат изјава за новинарите и заминаа со цивилно возила. Адвокатот на одбраната на...

Косовскиот суд одлучил да нема екстрадиција на првообвинетите во „Монструм“

Основниот суд во Приштина на 29 октомври минатата година донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд на Косово на 22 јануари годинава, ја одбил жалбата на Основното јавно обвинителство на Косово како неоснована и ја потврдил...

Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи

Скопскиот кривичен суд денеска му одреди доживотна казна затвор на Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, кое се случи кон крајот на ноември 2008 година кај Природно-математичкиот факултет во Скопје. Судскиот совет, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, го прифатил и предлогот на јавниот обвинител за продолжување на притворот до правосилноста на пресудата. „Основниот суд Скопје 1 денеска...

Поднесено обвинение против 11 уапсени во полициската акција „Ќелија“

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција вчера доцна попладне до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинение за случајот „Ќелија“, соопшти судот. Во случајот се обвинети 11 лица, кои се товарат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. Како што информираат од судот, обвинението е дадено на постапка кај Советот за оцена на обвинителен акт при...

Одложено рочиштето против Заев за случајот „Поткуп“

Судењето против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, кое денеска требаше да почне во Основниот суд Скопје 1, е одложено. Рочиштето, како што пренесува „Телма“, е одложено бидејќи во судницата Заев не се појави - бил на службено потување. Заев, како градоначалник на Струмица, е обвинет дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на...

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на Верушевски и на Лазаревски се...

Судот им го укина притворот на Верушевски и на Лазаревски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го укинал притворот на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Судот ја прифатил предложнета гаранција, како и предлогот на Специјалното обвинителство да им се забрани напуштање на живеалиштето, односно градот Скопје, и привремено да им се одземат патните исправи. „Постапувајќи по предлозите на обвинетите...

Верушевски ноќта ја минал во притвор, денеска можеби ќе си оди дома

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, првообвинет во случајот „Пуч“, ноќта ја минал во притвор во Истражниот затвор „Скопје“, тврдат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на обвинетите. На нашето прашање каде е Верушевски во моментов, од судот велат дека тој се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари и...

Основен суд Скопје: Не е коректно да се објавуваат непотврдени информации за Верушевски

Основен суд Скопје 1 ги демантираше објавувањата во дел од медиумите дека Кривичниот совет го укинал притворот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“. „Како Основен суд Скопје 1 – Скопје сметаме дека не е коректно од посочените медиуми да објавуваат непотврдени информации поврзани со конкретна одлука на судот, без оглед како...

Укинат притворот на Верушевски, судот ниту потврдува ниту демантира

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука за укинување на мерката притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“, објави денеска „Утрински“. Весникот, кој се повикува на свои извори, пишува дека Верушевски, за кој се очекуваше да му биде одреден куќен притвор, наводно, со одлуката на Кривичниот совет бил...

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по предлозите на обвинетите, во кои не е...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...