Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

-

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“.

Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до Кривичниот суд ги доставиле жалбите на одлуките на судиите на претходна постапка, за четворица од осомничените, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко.

„Против решението на судијата на претходна постапка со кое се одбива предлогот за определување притвор, дозволена е жалба во рок од 24 часа до совет од членот 25, став 5 на овој закон. Жалбата не го задржува извршувањето на решението“, стои во став 3, од членот 169 на Законот за кривична постапка.

Веднаш по добивањето на жалбата, според ставот 4 од истиот член на ЗКП, советот од тројца судии е должен да донесе одлука во рок од 48 часа.

Доколку Советот донесе одлука да ја прифати жалбата на обвинителството и на осомничените да им одредреди притвор, во тој случај, како што е дополнето во ставот 3 од членот 169 на ЗКП, тие можат во рок од 24 часа да поднесат жалба до повисок суд, односно од Апелацискиот суд Скопје, кој треба да донесе конечна одлука.

Во саботата, Основниот суд Скопје 1 соопшти дека по распитот на четворица осомничени, судијата на претходна постапка го одбил барањето на СЈО за притвор против поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“.

Распитот и одлуката по барањето на СЈО за притвор против другите осомничени, меѓу кои се поранешната министерка Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, ќе биде спроведен дополнително. Тие преку своите адвокати го известиле судот дека поради патување не можат да се појават пред судија на претходна постапка и дека тоа ќе го сторат дополнително по налог на судот.

Денеска, како што најавија од Основвниот суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка треба да се појави осомничниот И.Д., кој се товари за изборна измама и за кого СЈО бара притвор.

Засега нема официјални информации дали Јанкулоска и Божиновски се вратени во земјава и кога ќе се појават на распит во Кривичниот суд.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...