fbpx
Таг: Основен суд Скопје 1

таг: Основен суд Скопје 1

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева. Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го одби барањето на СЈО. „Во решението,...

Совет на обвинители: Јанева не може да биде надлежна за „Маѓар телеком“

Советот на јавни обвинители ги доставил до Основниот суд Скопје одлуките по барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за преземање на предметите „Маѓар телеком“, „Верушевски“, „Шпион“, „Поткуп“ и „Надеж“ во своја надлежност, соопшти денеска Кривичниот суд. Како што информираат оттаму, Советот одлучил дека за предметите не може да ги преземе СЈО и дека за нив се надлежни Основното јавно...

Помилувањата на Иванов стигнаа во Кривичниот суд во Скопје

Попладнево во Основниот суд Скопје 1 биле доставени сите одлуки на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција на политичари и на нивни соработници против кои се водат предистражни, истражни и судски постапки. Како што информираат од судот, сите одлуки сосе решенијата за конкретните предмети биле дадени на судиите што ги водат предметите за постапување. „Во Основниот суд Скопје 1 попладнево беа...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување, односно ослободување на Костовски. „До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот...

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на Гордана Јанкулоска. Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“, не можеа да потврдат дали судијата денеска...

Сослушани четворица заштитени сведоци на рочиштето за „Диво Насеље“

На денешното рочиште од продолжението на судскиот процес за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, сведочеа четворица припадници на полицијата кои беа ранети во борбите со терористичката група во Куманово. Рочиштето, како и претходните, две се одржа зад затворени врати, односно јавноста беше исклучена, бидејќи овие сведоци се во својство на оштетени, а и...

Апелација ја отфрли жалбата на СЈО, Грујовски официјално во куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје денеска донел одлука со која ја отфрлил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за куќниот притвор на началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“. Со ваквата одлука на Апелацискиот суд, Горан Грујовски и официјално наместо притвор ќе издржува мерка куќен притвор. Апелацискиот суд Скопје ги отфрлил како недозволени жалбите на СЈО и на...

СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) попладнево соопшти дека ја поднело жалбата до Апелацискиот суд во Скопје против одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор. „Вложена е жалба против решението на Кривичниот совет со кое е преиначено решението...

СЈО денеска ќе поднесе жалба за куќниот притвор на Горан Грујовски

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ќе поднесе жалба до Апелацискиот суд против вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со која мерката притвор на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ е заменета со куќен притвор, потврди за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска. Од СЈО сметаат дека доказите што ги...

Кривичен совет: Куќен притвор за Горан Грујовски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука со која го преиначил решението на судијата на претходна постапка и мерката од 30 дена притвор против началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, ја заменил со куќен притвор, соопштија попладнево од судот. Кривичниот совет одлуката ја донел, постапувајќи по жалбата на адвокатите на Грујовски, кој е првоосомничен во...

Кривичен совет: Судијата оправдано не одобрил претрес на домот на началникот во УБК

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 денеска одржал седница на која констатирал дека судијата на претходна постапка постапил правилно што не издал наредба за  претрес на домот на Горан Грујовски на барање на Специјалното јавно обвинителство. „Кривичниот совет при овој суд по извршениот увид во списите на предметот одлучил дека судијата на...

Основен суд: Го повикавме началникот на УБК да се појави на сослушување

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека судија на претходна постапка не се согласил со барањето на Специјалното јавно обвинителство да достави барање за издавање на наредба за претрес во домот на осомничениот Г.Г. затоа што Судот треба да утврди дали СЈО има овластување дека случајот е поврзан со содржината на незаконското следење на комуникации. „Од барањето за издавање на...

Обвинетите во „Ќелија“ што ја признаа вината, осудени на вкупно 32 години затвор

Шестмина обвинети во случајот „Ќелија“ се осудени на вкупно 32 години и 6 месеци затвор, откако ја признаа вината за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1, достави предлог-спогодби за шест лица...

Кривичен суд: Акцијата на СЈО во Централен регистар како по холивудско сценарио

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 вчера на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за одземање документација од Централниот регистар, соопшти денеска Основниот суд. Оттаму додаваат дека од СЈО не била побарана наредба за претрес. Во соопштението се наведува дека конкретниот случај покажува дека судот „соработува и има позитивен пристап кон работата на СЈО, наспроти јавно...

Апелација драстично им ги намали казните на осудените за кражбата на артефакти

Апелацискиот суд Скопје донел одлука со која им ги намали затворските казни на седуммината осудени за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд ги прифатил жалбите на осудените и по оддржаната седница на 18 јануари годинава, донел пресуда со која ја потврдил првостепената пресуда, но ја преиначил во...

Обвинителство: На СЈО му ги дадовме сите докази за „Пуч“, освен класифицираните кои се во судот

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предало целата документација, со сите списи и докази за случајот „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Разликата што се јавува околу доказите, велат оттаму, е поради класифицираните материјали за кои нема втор примерок, а единствените се предадени во Основниот суд Скопеј 1, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење...

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, најверојанто ќе бара одложување на...

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани информации бидејќи државните институции што ги...

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. На рочиштето што се одржа во...

Кривичниот суд им се извини на новинарите

Основниот суд Скопје 1 попладнево преку соопштение им се извини на новинарите кои денеска сакаа, но поради немање соодветни услови не можеа да го следат судскиот процес за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата во Кривичниот суд, во која имаше место само за четири-пет новинари, претставниците на...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...