fbpx

Кривичен совет: Куќен притвор за Горан Грујовски

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука со која го преиначил решението на судијата на претходна постапка и мерката од 30 дена притвор против началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, ја заменил со куќен притвор, соопштија попладнево од судот.

Кривичниот совет одлуката ја донел, постапувајќи по жалбата на адвокатите на Грујовски, кој е првоосомничен во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на одбраната на осомничениот Г.Г. против решението на Судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерка притвор на осомничениот, денеска одржа седница на која донесе одлука со која го преиначи решението на Судијата на претходна постапка и мерката притвор за осомничениот ја замени со мерка куќен притвор“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

На одлуката на Кривичниот совет, специјалното јавно обвинителство има право на жалба до повисокиот суд, односно до Апелацискиот суд Скопје.

Грујовски и уште четворица осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товарат дека минатата година ги уништиле системите од незаконското следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...