fbpx

Кривичниот суд им се извини на новинарите

-

Основниот суд Скопје 1 попладнево преку соопштение им се извини на новинарите кои денеска сакаа, но поради немање соодветни услови не можеа да го следат судскиот процес за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

Поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата во Кривичниот суд, во која имаше место само за четири-пет новинари, претставниците на медиумите решија да не прават компромис и никој да не влегува во судницата.

„Основниот суд Скопје 1 им упатува извинување на сите претставници на медиумите кои денеска сакаа да присуствуваат на главната расправа за предметот со КОК бр. 127/15 поврзана со настаните од 9 и од 10 мај 2015 година во Куманово. Бидејќи како суд бевме известени дека за денешната главна расправа не може да ја користиме салата во Врховниот суд, каде досега се одржуваше судењето, денешната расправа беше одржана во салата на Кривичниот суд, која е со значително помал капацитет. Со оглед дека станува збор за предмет во кој обвинети се 29 лица, за тешки кривични дела и сите се придружувани од спроводници од установите каде ја издржуваат мерката притвор, а дополнително во салата се присутни и нивните адвокати, а имајќи го предвид просторното ограничување на судницата, како и високиот степен на безбедност под кој се води овој предмет, во судницата немаше доволно простор за сите претставници на медиумите. Затоа беше предложено на главната расправа да влезат само дел од новинарите, но тие тоа го одбија за што, како суд, имаме целосно разбирање, но воедно бараме и разбирање од нивна страна за условите и за ограничувањето на нашата судница“, стои во соопштението од судот.

Оттаму додаваат дека се невистинити написите во медиумите дека намерата на судот била да го затвори судењето за јавноста.

На денешната главна расправа исказ дале пет сведоци на Обвинителството, а наредното рочиште е закажно за четврток (25 февруари).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...