fbpx

Верушевски ноќта ја минал во притвор, денеска можеби ќе си оди дома

-

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, првообвинет во случајот „Пуч“, ноќта ја минал во притвор во Истражниот затвор „Скопје“, тврдат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на обвинетите.

На нашето прашање каде е Верушевски во моментов, од судот велат дека тој се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари и дека во текот на денешниот ден „можно е да има некакво раздвижување, поместување и разјаснување“ околу прашањето за укинување на мерката притвор, кое се појави вчера и предзвика контрадикторни реакции.

Дека Верушевски е сè уште во притвор, потврдуваат и од одбраната на обвининетите во „Пуч“. Оттаму велат дека засега не добиле никакво известување за некаква одлука на судот околу притворот на Верушевски.

Вчера, дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, објавија дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 уште во петокот минатата недела донел одлука за укинување на притворот на Верушевски, но поради грешка во неговиот пасош притворот бил укинат во текот на вчерашниот ден.

Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“ рекоа дека не можат ниту да ги потврдат ниту да ги демантираат ваквите информации, а и да имало ваква одлука, рекоа оттаму, таа сè уште не била доставена до странките во случајот за да биде на сила.

Доцна синоќа, неколку часа по написите во медиумите, од судот демантираа дека Кривичниот совет донел таква одлука.

„Одлуката по наведениот предмет сè уште не е донесена, односно, како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, Кривичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за комплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука“, беше наведено во демантот на основниот суд Скопје 1.

Од Специјалното јавно обвинителство, кое ја презеде надлежноста за предметот „Пуч“, минатата недела соопштија дека се согласиле Верушевски и Ѓорги Лазаревски, исто така обвинет во случајот, да излезат од притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...