fbpx

Укинат притворот на Верушевски, судот ниту потврдува ниту демантира

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донел одлука за укинување на мерката притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, обвинет во случајот „Пуч“, објави денеска „Утрински“.

Весникот, кој се повикува на свои извори, пишува дека Верушевски, за кој се очекуваше да му биде одреден куќен притвор, наводно, со одлуката на Кривичниот совет бил пуштен на слобода.

Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“ велат дека не можат ниту да ги потврдат ниту да ги демантираат ваквите информации, а и да имало ваква одлука, велат оттаму, таа сè уште не е доставена до странките во случајот за да биде на сила.

„Утрински“, повикувајќи се на свои извори, пак, пишува дека одлуката за пуштањето на Верушевски од притвор била донесена уште во петокот минатата недела, но поради погрешно запишан број на неговата патна исправа, притворот бил укинат денеска.

Според истите извори, на кои се повикува весникот, претседателот на Кривичниот совет, судијата Огнен Ставрев, откако ја донел одлуката за Верушевски, во текот на денешниот ден добил решение со кое бил прераспределен во одделот за прекршоци на Основниот суд Скопје 1.

Од Специјалното јавно обвинителство, кое ја презеде надлежноста за предметот „Пуч“, минатата недела соопштија дека се согласиле Верушевски и Ѓорги Лазаревски да излезат од притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...