fbpx

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

-

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“.

Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М.

Како што детално информираа од судот, другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и генералниот секретар Кирил Божиноски, преку своите адвокати го известиле судот дека поради патување не биле во можност веднаш да се јават во судот. Нивните адвокати на судот му доставиле авионски билети и соопштиле дека нивните клиенти ќе појават пред судот дополнително.

За Темелко, судот донел одлука да му изрече друга мерка на претпазливост, односно да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен.

Од судот наведуваат дека од СЈО било доставено уште едно барање за притвор на лицето И.Г., кој треба в понеделник да се појави пред судија на претходна постапка.

Специјалното јавно обвинителство денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“ изрази разочарување од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...