четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Едмонд Темелко | 23 резултати

Темелко излегува од притвор, судот ја заменил мерката со куќен притвор

26 ноември 2017

Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Кривичниот суд во Скопје донел решение со кое мерката притвор се заменува со куќен притвор, потврдуваат од судот. Како што информираат од судот, одлуката била донесена по […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Владата против притворот на Едмонд Темелко

26 ноември 2017

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе организира протест против продолжувањето на притворот на градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, потврди за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Протестот треба да почне во 19 часот пред Владата, а потоа присутните граѓани, според информациите во медиумите, ќе се упатат пред судот. Опозициската партија деновиве […]

Груевски до Мета: Притворот на Темелко е политички притисок, тој е борец за човекови права

20 ноември 2017

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателот на Албанија, Илир Мета, на денешната средба разговарале за македонско-албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија, информираат од партијата. Груевски посочил дека во поглед на остварувањето на приоритетот за влез во НАТО, значајна е поддршката на сите земји членки на Алијансата, […]

Едмонд Темелко доби уште 30 дена притвор

27 октомври 2017

Основниот Суд Скопје 1 го продолжи притворот за уште 30 дена на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој беше уапсен кон крајот на минатиот месец. Темелко, обвинет за изборни малверзации во случајот „Титаник“ на СЈО, и понатаму  ќе остане во Истражниот затвор „Скопје“. Тој е во притвор од 26 септември, а во „Титаник“, освен него, […]

Македонска алијанса бара безусловно ослободување на Темелко

27 септември 2017

Македонската партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) порача дека најостро го осудува притворањето на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, под обвинение за изборни нерегуларности за локалните избори во Република Македонија во 2013 година. Од партијата велат дека Темелко не се криел од никого и редовно се јавувал во суд, според […]

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје

26 септември 2017

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013 година, е во полициска станица, велат од МВР, не појаснувајќи дали сам се пријавил или бил приведен од полицијата. По распитот во полициска станица, Темелко, според решението на судот, треба да биде спроведен во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. […]

Основниот суд му определи 30-дневен притвор на Едмонд Темелко

25 септември 2017

Основниот суд во Скопје го прифатило барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. На градоначалникот на општината Пустец во Албанија му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Медиумите пишуваат дека СЈО побарало притвор […]

Вангеловски: Неделкова е изземена од предметите на СЈО бидејќи син ѝ таму е ангажиран

27 април 2017

Врховната судијка Лидија Неделкова била изземена од одлучувањето за предметите на Специјалното јавно обвинителство поради „состојба на блискост“, односно затоа што нејзиниот син бил во некаков работен однос во СЈО, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангелвоски, на денешниот бирфинг со новинарите. Станува збор за случаите за апсењето на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, […]

Попоски во посета на Пустец и на средба со Едмонд Темелко

30 март 2016

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска ја посети општината Пустец, каде оствари средба со градоначалникот на општината, Едмонд Темелко, соопштија од МНР. Попоски, кој во Албанија учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан исто така се сретнал и со претставници на Советот на Општината, наставниот кадар по македонски […]

Жалбите на Јанева одбиени – дефинитивно нема притвор за Јанакиески и за Темелко

18 февруари 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, ги одби како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени […]

Едмонд Темелко се врати во Пустец

13 февруари 2016

Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец. Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство. За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш […]

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

13 февруари 2016

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. […]

Нико Китани: Требаше на друг начин да го изнесат Темелко пред правдата, а не со притворање

13 февруари 2016

Веста за вчерашното притворање на Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на Пустец, единствената општина на етничките Македонци во Република Албанија, се најде во ударни термини на сите електронски медиуми во Тирана и во внатрешноста на земјата. За тоа денеска нашироко известуваат и печатените медиуми. Нормално, случувањата со најголем интерес ги следат Македонците, додека нивните претставници, од […]

Специјално јавно обвинителство: Судот пропушти шанса да се запише во историјата

13 февруари 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“ изрази разочарување од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба. „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“, стои во статусот објавен на страницата. Основниот суд Скопје 1, каде синоќа се вршеше распит на дел […]

Јанакиески и Темелко си заминаа од судот – одлуката ќе биде позната денеска

13 февруари 2016

Околу три часот по полноќ, во Основниот суд Скопје 1 заврши распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Засега не се знае дали ќе им биде одредена мерка притвор. Јанакиевски и Темелко го напуштија судот без да дадат изјава за новинарите и заминаа со цивилно […]

Едмонд Темелко на распит во Основниот суд Скопје 1

12 февруари 2016

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој е еден од осомничените во акцијата на Специјалното јавно обвинителство наречена „Титаник“, во моментов е пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Судијата на претходна постапка, по распитот на Темелко, треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на СЈО и […]

Молк меѓу Македонците во Албанија по апсењето на Едмонд Темелко

12 февруари 2016

По веста за апсењето на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, молк меѓу Македонците и нивните здруженија и партии во Албанија. Темелко беше уапсен во утринава во Ресен, поради сомневање за поврзаност со изборни измами, кои произлегуваат од случајот под работно име „Титаник“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Темелко дури во три мандати беше градоначалник во […]

Конституиран Советот на општина Пустец, раководен од МАЕИ

31 јули 2015

Во Пустец, на конститутивна седница, и официјално е потврден составот на Советот на Општината, кој брои 15 членови, од кои 12 се претставници на победничката коалиција на последните локални избори, предводена од партијата на Македонците – МАЕИ. Советот го верификува мандатот на петнаесетте советници, пред кои заклетва за совесно и одговорно работење даде градоначалникот на […]

Едмонд Темелко, третпат градоначалник на Пустец

22 јуни 2015

Според првите неофицијални резултати од вчерашното гласање на локалните избори во Албанија, Македонците во општина Пустец го освоија градоначалничкото место и осум од вкупно 15 советници, со што и понатаму ќе ја контролираат локалната власт во областа Мала Преспа, населена само со етнички Македонци. Кандидатот на Македонската алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко, освои 80 отсто […]

Страна 1 од 1