fbpx

Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи

-

Скопскиот кривичен суд денеска му одреди доживотна казна затвор на Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, кое се случи кон крајот на ноември 2008 година кај Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Судскиот совет, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, го прифатил и предлогот на јавниот обвинител за продолжување на притворот до правосилноста на пресудата.

„Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата со која А.Д., обвинет за кривичното дело убиство од член 123, став 1,2,3, од Кривичниот закон, за настанот кој на 26 ноември 2008 година се случи кај Природно-математичкиот факултет во Скопје, го прогласи за виновен. Ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, надлежниот судски совет му одреди казна доживотен затвор и го прифати предлогот на јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата или почнување со издржување на казната“, стои во соопштението од судот.

Осудениот Дрпљанин беше еден од тројцата напаѓачи кои пукаа во тим на мобилната полициска единица „Алфа“, кај Природно-математичкиот факултет и го убија полицаецот Арифи, а тешко ги ранија двајцата негови колеги.

Тој, во јануари минатата година беше екстрадиран од косовските власти во земјава, откако летото 2012 година беше уапсен во Урошевац, а во станот во кој престојувал полицијата пронајде цел арсенал оружје, односно автоматски пушки, пиштоли, снајпер, панцири и униформи, како и поголемо количество злато.

Според МВР, постојат сериозни индиции дека Алмир Дрпљанин е инволвиран и во други тешки кривични дела извршени на територијата на Македонија, за кои до овој момент не му е поднесена кривична пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...