fbpx

Поднесено обвинение против 11 уапсени во полициската акција „Ќелија“

-

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција вчера доцна попладне до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинение за случајот „Ќелија“, соопшти судот. Во случајот се обвинети 11 лица, кои се товарат за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Како што информираат од судот, обвинението е дадено на постапка кај Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1.

На сите 11 обвинети, кривчниот совет им го продолжил притворот за нови 30 дена, информираат од судот.

Полициската акција под оперативното име „Ќелија“ за откривање лица кои директно биле дел или врбувале македонски државајни за учество во паравоени организации на боиштата во Сирија и на Блискиот Исток, беше спроведена на 6 август минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...