fbpx
Таг: Основен кривичен суд Скопје

таг: Основен кривичен суд Скопје

Протоѓер, Јанкулоска и Чинговски сведочеа за случајот „Плацови на Водно“

Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Влатко Чинговски денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје како сведоци на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“. Тие одговараа на прашањата за финансирањето на партијата, од чии донации според тезата на обвинителката Лиле Стефанова, поранешниот премиер Никола Груевски купувал атрактивни плацови. Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер потврди дека Груевски...

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3,5 години затвор за учество во шверц на кокаин

Kривичнiot суд во Скопје денеска на актерката Силвија Стојановска ѝ определи казна затвор од 3,5 години за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин. Нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, како првоосомничен, доби затворска казна од 7 години затвор. На определените казни затвор, двете осудени лица имаат право на жалба. Судот денеска одлучи Будисавјевиќ да остане во притвор до правосилноста на...

Рашковски доби 30-дневен притвор, судот ја прифати жалбата на обвинителството

Dragi Rashkovski
Основниот кривичен суд во Скопје ја прифати жалбата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и му определи 30-дневен притвор на поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски. Освен на Драги Рашковски, прифатена е и жалбата за сопственикот на „Инвоока гроуп“, Даниел Станчев, така што 30-дневен притвор му е изречен и на него. Се очекува Драги Рашковски да...

Судскиот совет поради нестручно работење ја разреши судијката Татјана Михајлова

Судскиот совет на денешната седница ја разреши поранешната в.д. претседателка на Основниот кривичен суд и актуелна судијка Татјана Михајлова поради нестручно и несовесно работење. Поради тајноста на постапката, претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, изјави дека е разрешена поради кршење на Судскиот деловник во врска со системот за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС). Постапката траела година и пол, зашто таа...

Продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, обвинетиот Мијалков се појави на судското рочиште

Во Основниот кривичен суд-Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за незаконското следење на комуникациите од страна на УБК. Обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков наводно се опоравил од ковид-19 и денеска се појавил на судското рочиште. Судењето започна со половина час задоцнување поради доцнење во спроведувањето на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана...

Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски - Боки 13 и од истражниот затвор „Скопје“ го испрати во домашен притвор. „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител,...

Тони Јакимовски шефот на кабинет на поранешниот директор на УБК, Мијалков доби шестгодишна казна затвор

„Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како „Специјална каса“ според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна...

Судот му одреди 30-дневен притвор на кумот на Груевски, Новачевски

По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на Ристо Новачевски заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „Перење пари и други приноси“, информираа од Основниот кривичен суд. Обвинителство претходно соопшти дека по повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на...

Зоран Милески-Кичеец побара одложување на издржувањето казна затвор од три години

Зоран Милески-Кичеец побарал одложување на затворската казна од три години за случајот „Рекет“, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје. Од судот во Скопје информираат дека Милески го известил судот дека по приемот на Упатниот акт ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид. Поради ова, за одлучување по поднесеното барање за одложување на затворската казна, како и по...

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра (1.200 евра за правното...

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на ААВМУ во однос на висината...

Боки-13 за предметот „Меѓународен сојуз“: Мицески и Амзоски не се мали деца за да бидат измамени

Продолжува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. На денешното рочиште Боки-13 изјави дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни, всушност се реални, со договори потпишани и донесени на собрание на невладината Mеѓународен сојуз. Тој...

Русковска за предметот „Меѓународен сојуз“: Парите завршиле во куќата на родителите на Јовановски

Судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која се обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“, започна денеска по одложувањето на 1 јули. Обвинителката Вилма Русковска останува на случајот, иако обвинетите побараа таа да биде изземена, поради што беше...

Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

Основното јавно обвинителство - Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во...

Судот го прифати обвинението за организаторите на „Крвавиот четврток“

Основниот кривичен суд - Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО - ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс -...

Поднесено обвинение за Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и таткото на Бојан Јовановски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска во Основниот кривичен суд - Скопје поднесе обвинителен акт за случајот „Меѓународен сојуз“ против пет лица и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски како и самиот Бојан Јовановски. Се товарат за...

Судењето за „Рекет“ против Боки 13, Катица Јанева и Кичеец почнува на 3 декември

Основниот кривичен суд - Скопје соопшти дека судењето против Бојан Јовановски -Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски - Кичеец, кои се обвинети за рекетирање, ќе почне на 3 декември. Скопскиот Кривичен суд соопшти дека за случајот „Рекет“ е назначен судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска.

Судот ги одби приговорите на Боки 13, Катица Јанева и Кичеец, судењето почнува наскоро

Основниот кривичен суд Скопје ги одби сите приговори на Бојан Јовановски - Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски - Кичеец за обвинителниот акт против нив во случајот „Рекет“ и во целост го прифати обвинението, што значи дека наскоро ќе почне судењето. Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница ги отфрлила сите приговори...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...