fbpx

Протоѓер, Јанкулоска и Чинговски сведочеа за случајот „Плацови на Водно“

-

Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Влатко Чинговски денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје како сведоци на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“.

Тие одговараа на прашањата за финансирањето на партијата, од чии донации според тезата на обвинителката Лиле Стефанова, поранешниот премиер Никола Груевски купувал атрактивни плацови.

Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер потврди дека Груевски лично му кажал оти купил плац од 10.000 квадрати.

„Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои хронични состојби му препорачуваа да живее на повисоко место. Беше некако запнат за локација како Сопиште итн. Сакаше да живее во куќа, мислеше дека така ќе најде мир. Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое земјиште од 10.000 квадрати некаде на Водно. За волја на вистината, за други детали не сме разговарале“, рече Протоѓер додавајќи дека Груевски често бил претпазлив што зборува.

Јанкулоска, која беше генерален секретар на партијата во 2004 година, а потоа и министерка за внатрешни работи од 2006 до 2015 година, денеска на судењето рече дека во седиштето на партијата имало масивни сефови од 1,5 метри со пари од членарини и спонзорства што ги добивал Груевски.

„Во овој период ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше блокирана сметка, меѓутоа тековното работење на партијата, и покрај сите тешкотии, некако функционираше на база на донации кои на доброволна основа ги даваа физички лица. Донаторите беа прилично воздржани околу нивните релации со партијата бидејќи не секој сака јавно да биде близок до партија во опозиција. Секогаш лицата сакаа да се видат со претседателот, тој во тоа време, како и сега, е најголем авторитет. Тој ги договараше начинот и условите како тоа да се реализира. Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести дека тој и тој сака да ѝ помогне на партијата со толкав и толкав износ. Можело да се случи истиот ден да донира или по неколку дена“, рече Јанкулоска.

Јанкулоска сведочеше дека Груевски лично ги договарал донациите и дека донаторите понекогаш парите му ги давале директно на него. Таа рече дека во нејзината канцеларија имало два сефа, во едниот се чувале пари за дневно функционирање на партијата, а од другиот немала клуч, ниту ја знаела шифрата.

Јанкуловска на прашање на адвокатот на Груевски одговори дека експремиерот никогаш не побарал од неа да му даде пари, но во неговата канцеларија имало уште еден сеф.

Поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски кажа дека бил дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2010 година, кога имал задолженија да биде врската на неколку општински комитети со централата. Тој сведочеше дека се случувало да добива пакети во неговата канцеларија во ЕЛЕМ кои биле наменети за тогашниот генерален секретар на партијата и на Владата, Кирил Божиновски.

Пакетите, биле документација, но никогаш не ги отворал туку му ги доставувал на Божиновски, а во еден момент се посомневал дека можеби има и пари.

„Она што мене ми стана сомнително беше еден разговор по телефон кога ми напомена дека содржината на документите што сум ги предал не соодветствува на она што тој го очекувал. Притоа, спомена некакви бројки, цифри, што ме зачуди и ме наведе на тоа дека покрај документацијата има и нешто друго што асоцира на финансиски средства“, рече Чинковски.

Тој додаде дека се обидел да разговара и со Груевски затоа што истото се случило уште еднаш или двапати, на што добил одговор дека напоменал дека покрај тоа што се стручни лица кои треба да се грижат за институциите што ги водат, имаат и партиски задолженија што треба да ги реализираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...