Фото: Арбнора Мемети

По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на Ристо Новачевски заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „Перење пари и други приноси“, информираа од Основниот кривичен суд.

Обвинителство претходно соопшти дека по повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.