fbpx

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3,5 години затвор за учество во шверц на кокаин

-

Kривичнiot суд во Скопје денеска на актерката Силвија Стојановска ѝ определи казна затвор од 3,5 години за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин. Нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, како првоосомничен, доби затворска казна од 7 години затвор. На определените казни затвор, двете осудени лица имаат право на жалба.

Судот денеска одлучи Будисавјевиќ да остане во притвор до правосилноста на пресудата, додека актерката Стојановска правосилноста на пресуда ќе ја чека на слобода, но пасошот нема да ѝ биде вратен и ќе има обврска да се јавува редовно во судот.

Според обвинението, во меѓународниот шверц со кокаин од јули до декември 2019 година биле вмешани три лица, вклучувајќи го и братот на првоосомничениот Будисавјевиќ. Во истрагата беа опфатени и лица кои учествувале во неовластеното купување, пренесување и продавање кокаин. Каналот за шверц на кокаин е сузбиен со меѓународната операција „Колибри“, со која беа уапсени две лица во земјава и три лица во Шпанија.

Шверцот со кокаин го обелодени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кон крајот на декември 2019 година. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...