Боки-13 за предметот „Меѓународен сојуз“: Мицески и Амзоски не се мали деца за да бидат измамени

-

Продолжува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. На денешното рочиште Боки-13 изјави дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни, всушност се реални, со договори потпишани и донесени на собрание на невладината Mеѓународен сојуз. Тој рече дека парите кои се уплатувани кај Лилјана Тодоровска и Јасна Мандиќ се за авторски права за идејно решение, дека е се легално и дека е платен и данок.

„Ние, всушност, функциониравме како министерство за социјала, згрижувавме деца… и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле буџет на Македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на 1ТВ се легални“, рече Јовановски.

Тој тврди дека немал никаков договор кој го потпишал за да обезбеди градежно земјиште со бизнисмени и дека во овој случај се работи за интерес на бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски, а не постои ни „и” од измама.

„Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски ниту се мали деца, ниту деловни неспособни за да бидат измамени. На 15 јули минатата година, дента кога бев уапсен кога тргнав на одмор, разговорав со Мицевски. Ми рече – Бојанче нека ти е среќен пат на одмор, ќе се видиме кога ќе се вратиш. Замислете, човек што си го измамил да ти посакува убаво да си поминеш на одмор“, рече Јовановски.

Тој зборуваше и за пензионерката Лилјана Тодоровска, која е автор на проектот за старечки домови и на која Мицевски и исплатил околу 720.000 евра, за кои обвинителството тврди дека на крајот завршиле кај Боки-13. Но, Јовановски тврди дека парите не завршиле кај него, и дека има фотографии кои ќе бидат решавачки за предметот, за што побара од судот вештачење на мобилниот телефон.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска. Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, за што ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Јовановски, како прв човек на организацијата Меѓународен сојуз, во предметот е првообвинет за кривичните дела перење пари и за измама, а Ременски е третообвинета за помагање во делото измама. Ерцеговиќ-Мандиќ како заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз, и асистентката Блажевска, пак, се обвинети за помагање во двете дела. Таткото на Боки, Миле Јовановски, се товари за помагање во перењето пари, како и за незаконско изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...