На повикот на ФИТР, 166 компании со предлог-проекти за економско заздравување од ковид-19

-

Рекорден број над 2.000 домашни компании подигнале апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на ковид-19, на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), од кои, 166 поднесоа предлог-проекти во првиот циклус, информираат од ФИТР.

Компаниите побаруваат речиси 90 проценти од предвидениот буџет од 200 милиони денари, поради што, ќе се бараат дополнителни средства, најави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. Вкупниот инвестициски циклус е речиси 300 милиони денари, од кои 39 проценти или 112.000 денари се учество на самите компании.

„Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2.100 подигнати апликациски пакети што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90 проценти од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства“ нагласи Деспотовски.

Компаниите ќе инвестираат во 15 различни области, меѓу кои продажба, трговија и диструбуција, здравство, екологија, земјоделие, а за првпат не доминира ИТ секторот.

Од ФИТР позитивно го оценуваат и фактот што со овој повик има зголемен интерес кај компаниите од сите региони, како и зголемен број на компании со жени-претприемачи.

Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски најави креирање на нов модел заедно со стопанските комори и Светската банка.

Се очекува до крајот на месец јули да заврши фазата на претселекција, а финалната селекција до средината на август, по што ќе бидат објавени официјалните резултати и ќе се потпишуваат договори. Во пресрет на вториот циклус, Фондот заедно со Светска банка и Стопанските комори, ќе им пристапи на сите 2.100 компании кои изразиле интерес за поддршка.

Овој повик на ФИТР е дел од третиот пакет економски мерки на Владата и е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење. Повикот беше отворен од 29 мај до 03 јули.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...