сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ОЈО Скопје | 85 резултати

Крпач извршил самоубиство, покажала предистрагата на Обвинителството

јуни 2, 2016

Коста Крпач, кој на 27 април годинава беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, со прострелна рана во градите, извршил самоубиство, покажала предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје. Во краткото соопштение од јавното обвинителство се вели дека иако предистражната постапка е тајна, тие ја споделуваат оваа инфромација со јавноста за да ги отстранат […]

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

мај 17, 2016

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше. Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но […]

Обвинителство: Во податоците од СЈО нема докази дека Крпач бил под притисок

мај 6, 2016

Во податоците што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги доставило до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја истражува смртта на Коста Крпач, немало ниту еден доказ дека тој бил под притисок, тврди ОЈО Скопје. Во денешното соопштение на јавното обвинителство се вели дека околу смртта на Коста Крпач во јавноста „се шират бројни шпекулации што ѝ […]

СЈО: Доставивме податоци што можат да помогнат во истрагата за смртта на Крпач

мај 5, 2016

Специјалното јавно обвинителство го прифатило барањето на Основното јавно обвинителство за меѓуинституционална соработка во враска со испитувањето на околностите за смртта на Коста Крпач и доставило податоци што можат да помогнат за расчистување на случајот, соопштија денеска од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Од СЈО додаваат дека иако им биле побарани, до ОЈО Скопје не […]

СЈО: Крпач не беше причината поради која баравме измени во Законот за заштита на сведоци

мај 4, 2016

Коста Крпач не бил причината поради која Специјалното јавно обвинителство барало измени во Законот за заштита на сведоци за да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Лицето за кое прашувате не беше причината поради која се бараа измени на законската регулатива“, […]

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

мај 3, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач. Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот. Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни […]

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

април 25, 2016

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, […]

Совет на обвинители: Јанева не може да биде надлежна за „Маѓар телеком“

април 15, 2016

Советот на јавни обвинители ги доставил до Основниот суд Скопје одлуките по барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за преземање на предметите „Маѓар телеком“, „Верушевски“, „Шпион“, „Поткуп“ и „Надеж“ во своја надлежност, соопшти денеска Кривичниот суд. Како што информираат оттаму, Советот одлучил дека за предметите не може да ги преземе СЈО и дека за нив […]

Апелацискиот суд го укина ослободувањето, Тренкоски пак ќе оди на суд

април 5, 2016

Апелацискиот суд – Скопје, по разгледувањето на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, донел одлука со која го укинал ослободувањето од обвинение на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренковски, и на Весна Огненоска и предметот го вратил на повторно судење, соопшти денеска Основниот суд – Скопје 1. Според упатствата на Апелација, повтореното […]

Скопското обвинителство поднесе обвинение против Захир Бекири – Чауш

април 1, 2016

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против лицата З.Б. и И.Б. кои се товарат за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправа и злоупотреба на лични податоци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Во соопштението на Обвинителството лицата се наведени со иницијали, но извесно е дека првоосомничениот во случајот за кој е поднесено обвинение […]

Обвинителството отворило предмет за објавените приватни разговори на членови на ДУИ

април 1, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет за снимките од приватните разговори меѓу високи функционери на Демократската унија за интеграција, потврдиле за „Дневник“ од Обвинителството. Во објавените снимки има и разговори меѓу вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети. Мехмети претходно изјави дека во врска со случајот дала исказ во скопското јавно обвинителствот, а го повика […]

Обвинителство: Уапсени пет лица за случајот „Фабрика за афери“

март 24, 2016

Во денешната акција во врска со случајот „Фабрика за афери“ биле уапсени пет лица, а при претресите извршени на повеќе локации, запленети се повеќе предмети и докази, кои се дадени за понатамошна анализа, соопшти попладнево Основното јавно обвинителство Скопје. „По барање на Основното јавно обвинителство Скопје и по издадена наредба од надлежен суд, утринава беше извршена […]

Приведени братот и сестрата на Захир Бекири-Чауш за случајот „Фабрика за лични карти“

март 24, 2016

Утрово во полициска акција биле приведени братот и сестрата на Захир Бекири, познат под прекарот Чауш, против кого Основното јавно обвинителство Скопје кон крајот на минатата година отвори постапка за т.н. случај „Фабрика за фалсификувани лични карти и пасоши“, пишува порталот „Нова ТВ“, повикувајќи се на свои извори. Според информациите на порталот, двајцата се наоѓаат […]

Обвинителството ја истражува смртта на девојката од Аеродром, нема траги од силување

март 10, 2016

Скопското основно јавно обвинителство почнало прелиминарна истрага за смртта на девојката во населбата Аеродром, која почина по пад од висококатница, соопшти доцна попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, била наредена обдукација на телото на девојката во Институтот за судска медицина и за медицинска деонтологија, која треба да ја утврди конкретната причина за смртта, како […]

Обвинителствата реагираат: Ние соработуваме со Јанева, таа не соработува со нас

март 2, 2016

Не се точни наводите дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје одбиваат соработка со Специјалното јавно обвинитество, се вели во реакцијата на двете обвинителства на денешното соопштение на СЈО. „Досега на сите барања доставени од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината […]

Обвинителството отвори постапка против сопругот на Шекеринска

февруари 17, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека повело постапка против „едно лице осомничено за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека издавало под закуп станови, на кои било сопственик, на фирмата што ја управувало, а кои воопшто не биле користени“. Во соопштението на обвинителството, иако не е наведен идентитетот на осомничениот, а […]

Јанева го побарала „Маѓар телеком“, Oбвинителство не го дава

февруари 17, 2016

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Основното јавно обвинителство Скопје го побарала предметот за случајот „Маѓар телеком“, како и предметите против Зоран Верушевски за незаконско поседување оружје и против неговиот син, кој се товари за производство и за диструбиција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство. Од Обвинителството реагираат дека со предметите што ги побарала, Јанева […]

Две нови кривични пријави против двајца обвинители од тимот на Јанева

февруари 2, 2016

Нови две кривични пријави се поднесени против двајца обвинители од тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Пријавите, како што информираат од јавното обвинителство за „Мета“, се поднесени од различни физички лица, а се однесуваат на исто кривично дело – малтретирање во вршење на службата. Викендов јавното обвинителство потврди дека е поднесена една кривична пријава […]

Пронајдена марихуана кај надзорник од „Идризово“, обвинителството почнало истрага

јануари 29, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје повело истрага против надзорник во затворот „Идризово“, кај кого при претрес била пронајдена марихуана, соопштија денеска од јавното обвинителство. „На 28 јануари 2016 година, при редовна контрола и личен претрес на лицето врaботено како надзорник во Казнено поправната установа „Идризово“, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со лелива лента […]

Обвинителството ја прошири истрагата за убиството на 19-годишникот на Бит-пазар

јануари 12, 2016

Основното јавно обивнителство Скопје ја проширило истрагата за убиството на 19-годишното момче, што се случи на 3 јануари годинава, откако две лица, од кои едниот малолетник, деновиве се пријавиле во полициска станица како извршители на кривичното дело, соопшти денеска Јавното обвинителство. Претходно за убиството на момчето беше уапсено и притворено лице на 19-годишна возраст. „По […]

Страна 4 од 5