Приведени братот и сестрата на Захир Бекири-Чауш за случајот „Фабрика за лични карти“

-

Утрово во полициска акција биле приведени братот и сестрата на Захир Бекири, познат под прекарот Чауш, против кого Основното јавно обвинителство Скопје кон крајот на минатата година отвори постапка за т.н. случај „Фабрика за фалсификувани лични карти и пасоши“, пишува порталот „Нова ТВ“, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите на порталот, двајцата се наоѓаат во полициската станица Кисела Вода, а се товарат за истите дела како и нивниот брат Бекири, односно за фалсификување документи.

Порталот „Прес 24“ претходно објави дека утрово по наредба на Кривичниот суд, полициски екипи извршиле претреси во домот на Бекири и на уште неколку локации.

Засега официјална информација и потврда за акцијата нема ниту од МВР, ниту од надлежното обвинителство.

Јавниот обвинител Јован Цветановски и заменик-раководителката на ОЈО Скопје, Гордана Гешковска, на 23 декември минатата година на прес-конференција соопштија дека скопското обвинителство оформило повеќе предмети за случајот „Фабрика за фалсификување пасоши и лични карти“, меѓу кои и за тие што неделникот „Фокус“ ги достави до Министерството за внатрешни работи.

Како што изјави Цветановски, по предметите постапуваат повеќе обвинители, а досега биле издадени наредби за истраги до оделот за организиран криминал на МВР, наредби за вештачење и извршени биле разговори со повеќе лица, како и претреси во станови на првоосомничениот и на другите осомничени во случајот.

Во претресите што тогаш беа извршени во станови сопственост на Бекири, според ОЈО Скопје, биле пронајдени поголем број обрасци за патни исправи, возачки дозволи и за лични карти. Исто така, пронајдени биле и машини, преси, како и друга опрема за фалсификуање документи, а во компјутерите пронајдени во домот на првоосомничениот, полицијата пронашла папки што содржат десетици илјади телефонски разговори.

Во Кривичниот суд денеска сведочеше мајката на Вања Ѓорчевска

Во скопскиот Кривичен суд денеска Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека таткото на девојчето Александар Ѓорчевски, од првиот момент тврдел дека неговата ќерка е киднапирана, со...