fbpx

Апелацискиот суд го укина ослободувањето, Тренкоски пак ќе оди на суд

-

Апелацискиот суд – Скопје, по разгледувањето на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, донел одлука со која го укинал ослободувањето од обвинение на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Георги Тренковски, и на Весна Огненоска и предметот го вратил на повторно судење, соопшти денеска Основниот суд – Скопје 1.

Според упатствата на Апелација, повтореното судење ќе го води целосно изменет совет на Кривичниот суд.

Со ова решение на Апелацискиот суд предметот против Тренкоски и Огненоска третпат се враќа на повторно одлучување пред првостепениот суд.

„Апелацискиот суд – Скопје со ова решение третпат го враќа предметот на повторно одлучување, со тоа што при повторното постапување, во дадените упатства стои дека првостепениот суд треба да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 381, став 1, точка 11 од Законот за кривична постапка (ЗКП), правилно да ги утврди сите решителни факти што се од битно влијание за законито одлучување во смисла на член 14 и на член 365 од ЗКП како услов за правилно утврдување на фактичката состојба, а потоа и правилно да го примени Кривичниот законик во врска со кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите и нивната кривична одговорност“, стои во соопштението на судот.

Според Апелација, во повторната постапка Кривичниот суд ќе треба да изврши анализа и оцена на сите изведени докази во текот на постапката, а по потреба да изведе и други докази заради правило утврдување на фактичката состојба. Судот, исто така, треба да даде наредба за ново вештачење, кое треба да утврди дали е нанесена штета, во кој износ, колку и на кој начин и од што произлегува разликата меѓу износите.

„Во согласност со системот за автоматизирано прераспределување предмети, предметот ќе биде распореден кај судија за понатамошно постапување кој треба да закаже термин за одржување главен претрес“, велат од Основниот суд – Скопје 1.

Поранешниот директор на ФЗОМ се товари за кривичното дело несовесно работење во службата, додека Огненоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, а во врска со двојна набавка на исти лекови во 2007 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...