среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ОЈО Скопје | 85 резултати

Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа во Скопје која се случи на почеток од јули – Мотоциклист удри во пешак кој подоцна подлегна на повредите

јули 30, 2025

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, како и – Неукажување помош на лице повредено во […]

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

јули 8, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров“, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со […]

ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес

јуни 24, 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против еден новинар и една телевизиска куќа, кои беа пријавени за кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 од Кривичниот законик. Подносителката на пријавата за време на пријавениот настан извршувала работни задачи на работно место – раководител […]

Општина Аеродром со кривична пријава до обвинителството за палење отпад на отворено

ноември 2, 2023

Скопската општина Аеродром поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство од Скопје против непознат сторител поради согорување на отпад на отворен простор, кој се случува надвор од границите на нивната општина, информираат од оваа општина. „Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната […]

Од труењето со метомил, в болница почина и 79-годишната жена

октомври 31, 2023

Основно јавно обвинителство-Скопје соопшти дека 15-тина дена откако поради труењето со метомил во домашната храна била примена в болница, починала 79-годишната жена од Скопје. Претходно, неколку дена по приемот в болница почина и 47-годишна жена од истото семејство, а мажот што бил примен заедно со нив, е на домашно лекување. „Од домот на семејството се […]

Обвинение против скопјанецот што се самозадоволуваше во воз и допираше малолетничка

октомври 20, 2023

Поднесено е обвинение против 63-годишен скопјанец за сторени три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг, согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете што не наполнило 14 години, информираше денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот скопјанец, патувајќи со воз на 24 јули годинава во еден од […]

ОЈО бара притвор за татко осомничен за малтретирање и запуштање на 14-годишната ќерка

април 7, 2023

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45–годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје, за кого постои сомнение за запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, таткото постојано ја оставал ќерката сама дома додека патувал, а додека бил дома, ја тепал со каиш, а […]

Претрес во Идризово: Пронајдени мобилни телефони, таблет и прашкаста материја

февруари 20, 2023

Во затворот Идризово во акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, бил извршен претрес со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор. Од МВР известуваат дека постапувајќи […]

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

февруари 17, 2023

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела […]

Обвинителството го гони Жан Митрев и неговата клиника за измама со хемофилтрацијата

јануари 10, 2023

Скопското Основно јавно обвинителство (ОЈО) поднесе обвинение против хирургот Жан Митрев и обвинителен предлог против истоимената клиника за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Измамените семејства, според ОЈО, имаше штета на својот имот во вкупен износ од речиси 1,6 милиони евра. Иако во официјалното соопштение на ОЈО Скопје воопшто не […]

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

април 18, 2022

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. […]

Гаврил Бубевски од поранешно СЈО избран за прв човек на скопското Обвинителство

јануари 18, 2022

Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов прв човек на Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО-Скопје), објави Советот на јавни обвинители. Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител. Првата позиција […]

Тројца од протестантите за „Монструм“ што вршеа насилство на 26 февруари добија по една година затвор

март 19, 2021

Три лица што беа обвинети за насилство за време на протестот против пресудата за „Монструм“ на 26 февруари годинава добија затворски казни од по една година. Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Касили од скопскиот суд беа осудени уште на првото судско рочиште, откако тие го признаа кривичното дело. Основното јавно обвинителство од Скопје гони […]

Поднесено обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС-от

јули 8, 2019

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Тој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). Според соопштението од ОЈО Скопје во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот со […]

За несреќата кај Ласкарци поднесени обвиненија против седум лица

јули 1, 2019

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството. За […]

Обвинителство почна истрага за говорот на омраза во врска со пожарите кај Атина

јули 25, 2018

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас оформила предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Станува збор за постови за пожарот во близина на Атина. „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено […]

„Паднаа“ кривичните пријави на Владимир Панчевски

мај 7, 2018

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека ги отфрлила трите кривични пријави што против Специјалната обвинителка Катица Јанева, судијката Злата Попова од Основен суд Гевгелија и вработени во СЈО и МВР, односно вкупно 10 лица ги поднесе судијата во Основен суд Скопје 1, а поранешен претседател на судот, Владимир Панчевски. „Надлежен обвинител оцени дека во […]

Антикорупциска утврди злоупотреба на буџетски средства за финансирање на ДУИ

февруари 21, 2018

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови во финансирањето на ДУИ и за тоа писмено го известила Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување соопшти Транспаренси Интернешнл – Македонија. „По анализа на Годишниот извештај за членарини до донации за 2016 […]

ОЈО Скопје нареди истрага за загинувањето на планираните на Кајмакчалан

февруари 21, 2018

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека отворило предмет за расветлување на случајот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животите ги загубија македонските планинари, Калина Велевска и Александар Миновски. „Надлежен јавен обвинител издаде наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови […]

Јовески: Отворена е предистражна постапка за злоупотребите на АКМИС во судовите

февруари 2, 2018

Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотреби на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судовите, потврдил државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за „СДК.мк“. „Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти […]

Страна 1 од 5