fbpx

Именувани в.д. шефови на скопското и на обвинителството за организиран криминал

-

Советот на јавни обвинители на денешната седница именуваше в.д. шефови на неколку обвинителства, кои ќе ги вршат овие функции во наредните еден-два месеци.

Ова, како што појасни претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев, било едногласно договорено за да може новиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, да си формира сопствен тим.

Така, за в.д. шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал е назначена Гордана Смаќоска, на Основното јавно обвинителство – Скопје е именуван Сашо Рајев, во ОЈО – Куманово е избрана Теута Бедиу, во Гостивар – Башким Исини, а прв човек на битолското Основно јавно обвинителство останува Антонио Јолевски.

Седум јавни обвинители за гонење организиран криминал и корупција ќе се избираат заедно со сите други по два месеци, посочи Штериев.

На денешната редовна седница, Советот избрираше јавни обвинители од огласот што беше објавен на 22 јуни оваа година.

За обвинител во државното јавно обвинителство, Советот го избра Исмаил Дарлишта, поранешен уставен судија и министер за правда.

Членовите на Советот на денешната седница за прв човек на Вишото јавно обвинителство во Битола ја избраа Мери Тромбева, за шеф на Основното јавно обвинителство Радовиш е именувана Билјана Стефчева, а Ханефи Амет од скопското Вишо јавно обвинителство е избран за обвинител на ОЈО – Тетово.

За другите места за кои беше распишан оглас, тој ќе биде поништен и ќе се објави нов.

Инаку, Собранието сè уште не гласаше за именувањето на Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, а засега нема излезено ниту со предлог за уставен судија на местото на Исмаил Дарлишта, чиј деветгодишен мандат во Уставниот суд истече во јули оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...