fbpx

Обвинение против скопјанецот што се самозадоволуваше во воз и допираше малолетничка

Обвинетиот се доближил и започнал да допира малолетно девојче кое патувало со возот. Девојчето вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон

-

Поднесено е обвинение против 63-годишен скопјанец за сторени три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг, согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете што не наполнило 14 години, информираше денеска Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинетиот скопјанец, патувајќи со воз на 24 јули годинава во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Девојчето вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон.

Во вториот вагон во кој влегол, обвинетиот седнал спроти други две жртви и почнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле.

По ова, во возот влегле овластени службени лица кои го привеле 63-годишникот и го однеле во полициска станица.

Судот претходно го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор, а јавниот обвинител сега поднел предлог за продолжување на оваа мерка за обвинетиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...