fbpx

Гаврил Бубевски од поранешно СЈО избран за прв човек на скопското Обвинителство

-

Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов прв човек на Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО-Скопје), објави Советот на јавни обвинители.

Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител. Првата позиција во ОЈО-Скопје беше празна речиси половина година.

Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство на РМ, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за шеф на ОЈО Тетово.

Инаку, во пожарот во бараките на ЈП „Улици и патишта – Скопје“ позади ТЦ Буњаковец во втората половина на минатиот месец, еден од автомобилите што изгоре беше и автомобилот на Бубевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во супермаркети, пекари, сендвичарници – студентите од денеска купуваат оброк субвенциониран од државата

Покрај стартот на новата академска година, денеска започна со примена и новиот систем на исплата на субвенционираниот студентски оброк. Студентите во земјава кои ги исполниле условите, од денеска па...