Македонскиот поет Ристо Василевски е добитник на наградата „Златен светски писател“

Фото: Aaron Burden on Unsplash

Македонскиот поет, есеист и критичар го доби признанието за нововоставената литературна награда „Златен светски писател“.

Книжевната награда претставува ново светско признание кое ќе им се доделува на писателите од цел свет. Мотото на признанието е да чествува писатели чија креативност, енергија и благородност го прават светот подобар. Наградата е  востановена од повеќе значајни меѓународни организации во земјите од светот меѓу кои се и Pegasus Brücke International Center (Германија) и Radius International Art Center (САД).

Ристо Василевски за оваа награда беше номиниран преку Украинската академија за книжевност и уметност каде членува.

Василевски е автор на книги за деца, збирки поезија, избрани дела и антологии. Тој е и преведувач и антологичар. Досега е добитник на голем број светски и меѓународни награди и признанија за своето литературно творештво како „Браќа Миладиновци“, „Почесно Рациново признание”, Јубилејно признание на Струшките вечери на поезија, „Кирил Пејчиновиќ”, „Јубилејно Златно перо”, „Златно перо“ – во Македонија; „Милан Ракиќ”, „Караѓорѓе”, „Печат на Кнез Лазар”, „Раде Обреновиќ”, „Ѓуро Салај” и многу други. Неговите дела се преведени на 25 јазици ширум светот. Од 2006 година тој станува член на МАНУ во одделението за уметности надвор од работниот состав.