Две нови кривични пријави против двајца обвинители од тимот на Јанева

-

Нови две кривични пријави се поднесени против двајца обвинители од тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Пријавите, како што информираат од јавното обвинителство за „Мета“, се поднесени од различни физички лица, а се однесуваат на исто кривично дело – малтретирање во вршење на службата.

Викендов јавното обвинителство потврди дека е поднесена една кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за малтретирање во вршење на службата и една против вработен во МВР за незаконито влијание.

„Ве известуваме дека досега во Основното јавно обвинителство Скопје поднесени се шест кривични пријави. Сите се поднесени од различни физички лица, а кои се однесуваат за кривично дело малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кризичниот законик. Една од кривичните пријави е против три познати лица – обвинители и неколку непознати лица. Три од кривичните пријави се против неколку непознати лица. Две од кривичните пријави се против двајца обвинители и неколку непознати лица. Во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е поднесена една кривична пријава против едно лице, вработено во МВР, за строено кривично дело незаконито влијание врз сведоци од член 368а од Кривичниот законик“, стои во одговорот на обвинителството на нашето прашање дали се поднесени нови кривични пријави против обвинители од СЈО.

Од Јавното обивнителство додаваат дека поднесените кривични пријави биле распределни за понатамошно постапување кај надлежни обвинители.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...