Пронајдена марихуана кај надзорник од „Идризово“, обвинителството почнало истрага

-

Основното јавно обвинителство Скопје повело истрага против надзорник во затворот „Идризово“, кај кого при претрес била пронајдена марихуана, соопштија денеска од јавното обвинителство.

„На 28 јануари 2016 година, при редовна контрола и личен претрес на лицето врaботено како надзорник во Казнено поправната установа „Идризово“, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со лелива лента за кое при вештачењето е утврдено дека е марихуана. При извршениот претрес во домот на осомничениот, покрај количество марихуана, пронајдени се и девет парчиња муниција. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за поведување истражна постапка“, стои во соопштенето од јавното обвинителство.

На предлог на обвинителот, судија на претходна постапка на осомничениот му одредил мерка притвор од 30 дена.

Според обвинителството, надзорникот се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштуваат дека осомничениот надзорник Х.Х.(38) во текот на јануари набавил поголемо количество марихуана, која ја препакувал во својот дом и потоа им ја продавал на лица во затворот. При претресот на неговиот дом во населбата Ченто, полицијата пронашла пиштол, кој надзорникот неовластено го поседувал, и две рамки со куршуми.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...