Обвинителствата реагираат: Ние соработуваме со Јанева, таа не соработува со нас

-

Не се точни наводите дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје одбиваат соработка со Специјалното јавно обвинитество, се вели во реакцијата на двете обвинителства на денешното соопштение на СЈО.

„Досега на сите барања доставени од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите овие две обвинителства постапиле соодветно и навремено. Сите првично побарани предмети се доставени со севкупната расположлива документација во законски утврден рок, за што јавноста беше информирана“, стои во реакцијата.

Од ОЈО Скопје велат дека во врска со кривичните пријави што беа поднесени против лица од СЈО, обвинителството испратило покани до нив за да дадат искази, но специјалната обвинителка Катица Јанева не ги доставила до лицата за кои биле наменети. Јанева, според обвинителството, побарала првин детално да биде известена за причините за повикување, a потоа ќе ги врачи поканите.

„Во тој контекст, ја подржуваме иницијативата за воведување ново кривично дело – попречување на правдата, за да се отстранат опструкциите со кои се соочува Основното јавно обвинителство – Скопје во своето постапување, а кои во иднина може да се појават и во надлежно постапување и на другите обвинителства“, стои во реакцијата на ОЈО Скопје.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...