Обвинителството ја прошири истрагата за убиството на 19-годишникот на Бит-пазар

-

Основното јавно обивнителство Скопје ја проширило истрагата за убиството на 19-годишното момче, што се случи на 3 јануари годинава, откако две лица, од кои едниот малолетник, деновиве се пријавиле во полициска станица како извршители на кривичното дело, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Претходно за убиството на момчето беше уапсено и притворено лице на 19-годишна возраст.

„По сознанијата од Министерството за внатрешни работи дека во полициска станица пристапиле две лица, од кои еден малолетник, кои се пријавиле како извршители на кривично дело, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за препознавање. На извршеното препознавање, еден од оштетените ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело во кое животот го загуби 19-годишно лице. Поради комплексноста на настанот, времето на случување на кривичното дело во вечерните часови, како и претходно извршеното препознавање, при кое оштетениот препозна друго осомничено лице на кое веќе за овој кривично правен настан е определена мерка притвор, Основното јавно обвинителство Скопје итно презема мерки за расветлување на настанот“, стои во соопштението на обвинителството.

Оттаму информираат дека по предлог на надлежниот обвинител, судија на претходна постапка на двете новопријавени лица им одредил мерка притвор од 30 дена, додека на 19-годишникот што беше претходно уапсен, притворот му е заменет со поблага мерка на обезбедување.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...