fbpx

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

-

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, соопшти попладнево МВР.

Против Савески и уште едно лице со иницијали В.К., според МВР, се поднесени кривични пријави за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, според член 385 од Кривичниот закон.

Според МВР, станува збор за дополнување на кривична пријава што МВР ја поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје на 14 април, против Н.А. (30) и Ф.Н. (30) за истото кривично дело.

„На 22 април 2016 година, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, лицата биле повикани на службен разговор, меѓутоа поради тоа што тие не се пронајдени за да им се врачат поканите, Единицата за насилен криминал достави дополнителни покани и на 25 април 2016 година З.С. (39) и В.К. (39) се јавиле на службен разговор во просториите на полициската станица од општа надлежност Кисела Вода, по што, по консултација со дежурен јавен обвинител, двајцата се лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното јавно обвинителство. Имено, утврдено е дека З.С. кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон народната канцеларија на претседателот, додека В.К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од народната канцеларија, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот“, стои во соопштението од МВР.

Засега нема информации дали Обвинителството ќе бара од судот на Савески и на осомничениот В.К. да им биде одредена мерка за обезбедување на присуство. Од судот за „Мета“ велат дека до 16 часот Савоски не бил донесен во Кривичниот суд, а не бил пристигнат ниту предлог за одредување мерки од Обвинителството.

Од Левица на прес-конференција денеска изјавија дека апсењето на Савески е отворен прогон на членовите на партијата и претставува обид да се исплашат луѓето кои учествуваат и ги поддржуваат масовните протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...