Обвинителство: Уапсени пет лица за случајот „Фабрика за афери“

-

Во денешната акција во врска со случајот „Фабрика за афери“ биле уапсени пет лица, а при претресите извршени на повеќе локации, запленети се повеќе предмети и докази, кои се дадени за понатамошна анализа, соопшти попладнево Основното јавно обвинителство Скопје.

„По барање на Основното јавно обвинителство Скопје и по издадена наредба од надлежен суд, утринава беше извршена координирана акција за наоѓање нови дополнителни материјални докази во предметот што во јавноста е познат како „Фабрика за афери“. Претресот е извршен на повеќе локации во Скопје и во околината, при што се пронајдени и се одземени компјутер, хард-диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на понатамошна анализа. Во акцијата спроведена утринава, од слобода се лишени пет лица“, стои во соопштението на Обвинителството.

Како што пренесоа дел од медиумите, во акцијата биле уапсени братот и сестрата на Захир Бекири-Чауш, провоосомничен во случајот што ОЈО Скопје го отвори кон крајот на минатата година.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...