Јанева го побарала „Маѓар телеком“, Oбвинителство не го дава

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Основното јавно обвинителство Скопје го побарала предметот за случајот „Маѓар телеком“, како и предметите против Зоран Верушевски за незаконско поседување оружје и против неговиот син, кој се товари за производство и за диструбиција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство.

Од Обвинителството реагираат дека со предметите што ги побарала, Јанева ги пречекорила своите законски овластувања, бидејќи, како што велат оттаму, овие случаи не биле поврзани ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите барањата ги темели на одредбата од член 11, став 2 од Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, но истото воопшто не го зема предвид член 11, став 1 од Законот, во согласност со кој тоа јавно обвинителство ќе преземе контрола врз предметите што спаѓаат во стварна надлежност на истото. Стварната надлежност е уредена во член 5, став 1 од Законот. Имено, во оваа одредба јасно е кажано дека jавниот обвинител кој раководи со тоа јавно обвинителство ќе биде овластен да истражува и да гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како што е дефинирано во член 2, став 1 од Законот. Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека предметите што се бараат не се поврзани ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па оттука барањата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не се во согласност со Законот и  со таквото барање се пречекорени овластувањата што на jавниот обвинител што раководи со тоа обвинителство му се дадени со Законот“, стои во соопштението од Обвинителството.

Поради ова, ОЈО Скопје доставило барање до Советот на јавните обвинители да се произнесе и да одлучи дали Јанева постапила законски или ги пречекорила своите овластувања.

„Основното јавно обвинителство – Скопје предвид ја имаше одредбата од член 7, став 3 од Законот, според која законитоста на дејствата на јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство ја цени Советот на јавните обвинители на Република Македонија“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...