fbpx
Таг: МТСП

таг: МТСП

МТСП: Од денеска започнува етапната исплата на пензиите за мај

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) извести дека е во тек исплатата на мајските пензии, кои ќе бидат исплатени етапно и предвреме, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според...

24 Мај – Денот на сесловенските просветители, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. „Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го...

Слепите лица за првпат ќе добијат дигитална апликација аудио читач

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, започна процес на изработка на софтвер - апликација која на слепите и лицата со оштетен вид за првпат ќе им овозможи пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Дигиталната апликација – аудио читач, чија...

Од понеделник банките ќе почнат со етапна исплата на априлските пензии

Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од корона вирусот. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира...

Отворен новиот Центар за лица со интелектуална попреченост за поголем број на корисници

Шахпаска фото: МТСП
Денеска беше отворен новиот дневен Центар за деца и млади со интелектуална попреченост во населбата Топанско Поле, при Јавната Установа Завод за рехабилитација на деца и млади, за што Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку европски фондови, инвестираше 3,5 милиони денари (50 илјади евра). Оваа институција од почетокот на минатата година е во фаза на целосно реконструирање и...

МТСП за загинатото дете во пожар во Гостивар: Центарот за социјална заштита немал пријави за родителска негрижа

Во врска со денешниот случај со пожарот во зграда во Гостивар, при што настрада седумгодишно дете кое било врзано со синџир, се јави со соопштение Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Тие информираат дека немало пријави до Центарот за социјална заштита (ЦСР) во Гостивар за родителска негрижа. „Досега во ЦСР Гостивар не се пристигнати никакви пријави или информации за...

Обезбедена бесплатна мобилна апликација BE SAFE за жртвите на семејно насилство за време на полицискиот час

СОС линија семејно насилство фото: МТСП
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) известува дека жртвите на семејно насилство кои ќе имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство за време на полицискиот час, во периодот од 22 до 5 часот наредниот ден, треба најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141-700. Линијата обезбедува...

Започнаа обуките за градење капацитети на институциите за имплементација на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените

Со симболично поклопување со 8-ми Март како Меѓународен ден на жената, започнуваат дневните обуки кои имаат за цел градење на капацитети на одговорните институции, задолжени за имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, информираа од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на...

Стартува кампањата „Мој труд, мои права!“ за информирање за правата од работен однос

Започнува кампањата за подигнување на свеста за работничките права: „Мој труд, мои права!“, која ќе се спроведува во наредните неколку месеци, а чија цел е да ги информира вработените, лицата кои бараат работа, младите и работодавачите за правата и за обврските што произлегуваат од работниот однос. На денешната прес конференција организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), беше најавен почетокот...

МТСП обезбедува документи за идентификација на бездомните лица за претстојниот попис

За лицата без лични документи и за бездомните лица Министерството за труд и социјална политика реализира постапки за обезбедување документи за нивна идентификација, преку системот на Центрите за социјални работи, со што ќе можат да се обезбедат податоци за нивно лоцирање и за евидентирање за потребите на претстојната пописна акција. Тоа го посочи министерката за труд и социјална политика...

МТСП: Јануарската пензија ќе биде зголемена за 1,2 отсто, колку што пораснале трошоците за живот

Пензионерите ќе добијат зголемена пензија за јануари за 1,2 отсто, според  усогласувањето со порастот на животните трошоци, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). За толкав процент се зголемени трошоците за живот во второто полугодие од 2020 година, во споредба со првото полугодие од ланската годинa. „Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна...

Од понеделник банките ќе почнат со исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28 септември, почнува етапната и предвремена исплата на септемвриските пензии, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на...

Над 30.000 лица бараат по 1.000 денари помош од државата за трошоци за енергија

Растат списоците со енергетски сиромашни граѓани во државава кои немаат средства за да ги платат трошоците за енергетските услуги, како греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување на домот, проблеми со кои се дефинира поимот - енергетска сиромаштија. Паричната помош што од државата ја добива оваа група на граѓани е 1.000 денари за домаќинство. Пред 4 години оваа сума...

Филипче: И јас ги почитувам препораките, мојот син е деветто одделение и ќе следи онлајн настава

Градинките во државата се отвораат на 9 септември, а ќе работат со протокол. Приоритет за упис имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители. Сите кои имаат можност да ги згрижат децата на друг начин, да не ги зафаќаат местата на оние на кои тоа им е реално потребно, им порача пред малку на родителите министерката...

Отворена е телефонска линија за советување и поддршка на ЛГБТИ лица

Од денеска почнува со работа Националната линија за советување на ЛГБТИ лица од целата територија на државата. На телефонскиот број 075/241-124 анонимно без споделување на нивниот идентитет може да се јават ЛБГТИ лица од сите возрасти, нивните семејства, пријатели, но и стручни тимови од училиштата и центрите кои имаат конктакт со ЛГБТИ лица или млади кои се чувствуваат збунето...

Владата го прогласи за неработен ден 15 јули, денот на одржување на изборите

Фото: Борче Поповски
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието, и нема да се одработува. „Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74. седница, одржана на 7 јули, заради непречено спроведување на предвремените парламентарни избори,“ се вели во соопштението.

МТСП: Со мерката субвенцинирање на плати досега се вработени 1.346 лица

И во услови на криза, активните програми и мерки за вработување им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници, пазарот на труд функционира, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување: „Субвенционирање на плати“, а финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари, соопшти Министерството за...

Етапната исплата на јунските пензии почнува утре

Министерството за труд и социјална политика, МТСП, информира дека од утре, 26 јуни, ќе започне исплатата на јунските пензии која, во услови на опасност од КОВИД-19, и овој месец ќе тече етапно. Пензионерите кои ги земат пензиите од филијалите и експозитурите на банките, тоа ќе можат да го сторат во четири групи, според висината на пензијата. Така, утре ќе се...

Исплатена парична помош од над 2,5 милиони евра на 16.012 стечајци и невработени

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување информираат дека на 16.012 невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци исплатени се 156.649.277 денари (над 2,5 милиони евра) за месец мај. Исплатата е во согласност со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на...

Први мај е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 1 Мај 2020 година (петок) е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на трудот.

Чесите со сатира ја исмеваат руската анексија на делови од Украина, „си го бараат Калининград назад“

Чешки интернет пранкери создадоа лажна веб-страница и профил на Твитер за припојувањето на Калининградската област кон Република Чешка. VisitKralovec.cz е најновиот сатиричен обид за да се покаже апсурдноста на...