fbpx

Презентирана иницијативата „Алијанса за родова еднаквост на работното место“

-

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АТЕМ), денеска официјално беше презентирана иницијативата Алијансата за родова еднаквост на работното место.

Главниот стремеж на ваквата нова иницијатива е да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот, со насока кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место.

На промотивниот настан беше присутна и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која во своето обраќање ја поздрави иницијативата и ја нагласи континуираната работа на Министерството во однос на унапредувањето на родовата еднаквост на работните места и во општеството.

„Во текот на 2021 година МТСП ја подготви новата „Стратегија за родова еднаквост 2022-2027“ која има за цел постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот. Започнат е и процесот на изработка на вториот Индекс за родова еднаквост, кој ги проценува разликите меѓу жените и мажите преку економски, политички, образовни и здравствени критериуми. Тука би сакала да истакнам дека се работи и на нов Закон за работни односи – со кои се предвидува родителско отсуство со што се унапредува родовата еднаквост, но и усвојување на постапка за ратификација на Конвенцијата 190 на МОТ која се однесува на справувањње со насилство и вознемирување на работа”, рече Тренчевска.

На настанот присуствуваа претставници од развојните меѓународни организации, бизнис секторот, невладиниот и владиниот сектор, пред кои беа промовирани кратки видеа за подигнување на свеста за важноста на еднаквоста на работното место, претставувајќи ги клучните партнери како примери со нивните насочени пораки на темата.

„Алијансата за родова еднаквост е фокусирана на адресирање на родовиот јаз на работното место и се стреми да претставува платформа која ќе овозможи компаниите да преземат активна и водечка улога во промовирањето на родова еднаквoст, и преку кревањето на свеста за пропуштениот потенцијал за нашите компании, општество и економија да поттикне јавно-приватен дијалог кој ќе биде проследен со акција и промени“, изјави претседателката на АЕТМ и предводничка на иницијативата, д-р Нина Ангеловска.

Инаку, заложбите на Алијансата се дел од #GenerationEquality иницијативата на UN Women каде Алијансата е препознаена како т.н Committment maker. Целата иницијатива има за цел да поттикне моќна и трајна коалиција за родова еднаквост и претставува витален момент за активистите, феминистките, младите и сојузниците да постигнат трансформативни промени за генерациите што доаѓаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...