Тренчевска-Галовеј: Продолжува соработката со Британија за социјална и детска заштита, како и родовата еднаквост

-

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство (ОК) во земјава, Рејчел Галовеј. Теми на разговор беa досегашните и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада, соопшти министерството.

На средбата се разговарало за процесот на деинституционализација на децата без родители и лицата со попреченост. Министерката информирала дека повеќе ниту едно дете под 18 години не е сместено во институција, туку во групен дом со 24 часовна грижа од стручен тим. Тече и процесот на преселба на лицата со попреченост, преку отворање на нови групни домови, во услови налик семејните.

Тренчевска рече дека во насока на обезбедување на поголема поддршка на згрижувачките семејства и подигнување на свеста за нивното значење се и отворањето на двата Центри за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје и Битола, со поддршка од страна на УНИЦЕФ.

На средбата се разговарало и за воспоставувањето и развојот на социјалните сервиси на локално ниво. Министерката Тренчевска информирала дека министерството работи и на изработка на Национален регистар на лица со попреченост, како и на Закон за вработување на лица со попреченост, кој ќе понуди нова перспектива и професионална рехабилитација.

Тренчевска на средбата со амбасадорката на ОК, Рејчел Галовеј, посочила дека родовата еднаквост е високо на агендата на приоритети на МТСП. Информирала дека, Стратегијата за родова еднаквост наскоро влегува во собраниска процедура, а министерството активно работи и на нов Закон за родова еднаквост, кој до крајот на следниот месец ќе ја има драфт верзијата, за која ќе биде отворена широка јавна дебата. Подобрување на механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и ефикасно функционирање на Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање се очекувањата од ова законско решение.

Амбасадорката Галовеј ја потврдила поддршката за процесот на деинституционализација и дизајнирање на услуги засновани на потребите на заедницата, а се со цел децата и семејствата да ја добијат поддршката која им е потребна. Продолжува и поддршката на политиките во детската заштита односно детските градинки и зајакнување на капацитетите на вработените во нив, преку заедничките проекти кои се спроведуваат.

Двете соговорнички изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателство меѓу двете држави и институционална соработка и продолжување на тековните и идни заеднички проекти.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...