fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

МОН: Училиштата ќе продолжат да работат и ќе примаат ученици и од понеделник

И од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на рaководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, извести Министерството за образование и наука (МОН). „Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и...

Средношколци учат како да работат во погон и за тоа добиваат надоместок 3.000 денари

Проектот „Учи паметно, работи стручно“ веќе втора година е дел од образовниот систем. Има за цел да го унапреди средното стручно образование, да го зајакне дуалното образование, да продуцира стручни профили согласно потребите на пазарот на труд и да ја зголеми вработеноста на младите. Во средните стручни училишта има т.н. дуални паралелки, односно опција учениците да одат на пракса...

Од септември учениците ќе можат електронски да се запишуваат во средните училишта

Министерството за образование и наука (МОН) има за цел од септември годинава деветоодделенците да можат по електронски пат да се запишат во средно училиште во земјава. Ова ќе се овозможи со дигиталната услуга „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. За ова денеска информираше министерот за образование и наука Јетон Шаќири на презентацијата на новата услуга што се реализира во...

Без компетентни наставници нема квалитетно средно стручно образование

Лулзим Алиу, заменик-министер за образование и наука. Извор: МОН
Без компетентни наставници кои континуирано се надградуваат, нема унапредување на средното стручно образование. Затоа е направена платформа ИНОВЕТ што денес ја промовираме за да служи како дигитална база на наставниците во нивниот професионален развој, да им овозможува на едно место да добијат информација за обуки и курсеви за стручно усовршување и да можат онлајн да ги реализираат истите, рече...

Основците со едукативен пакет за филмот „Медена земја“ ќе се запознаваат за однос на човекот кон природата

Преку воннаставни активности, пораките од документарниот филм „Медена Земја“ кој во 2020 година се натпреваруваше за „Оскар“, ќе се пренесуваат на учениците на возраст од 10 до 14 години. Едукативниот пакет со кој учениците преку интерактивен пристап имаат можност да се запознаат со клучните пораки од документарецот „Медена Земја“, вчера беше промовиран во Скопје. Едукативниот пакет се состои од три...

МОН: Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно образование

Министерството за образование и наука објави нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование. Конкурсот се однесува за повеќе струки меѓу кои геолошка, рударска, металуршка, градежно - геодетска, графичка, економско - правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско - ветеринарна, лични услуги, машинска, сообраќајна, текстилно - кожарска, угостителско - туристичка, шумарско - дрвопреработувачка и хемиско - технолошка...

Објавени се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

Во тек се конкурсите за доделување на стипендии за граѓаните на Северна Македонија што во академската 2022/2023 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и...

Образованието во РСМ наместо напредок бележи назадување, забелешки има и од ЕУ

Северна Македонија има постигнато ограничен напредок во областа на образованието, земјата ги нема спроведено повеќето препораки на Европската комисија до 2020 година. Додека од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека иницирале многу реформи, експертите предупредуваат дека образованието кај нас е запоставено многу. Потребни се итни реформи во основното образование, треба многу да се работи на условите во...

МОН: Нема упад во електронските системи и бази со податоци на МОН

По објавата на Твитер во која наводни хакери со име „Моќната грчка армија“ соопштија дека го пробиле компјутерскиот систем на Министерството за образование и притоа ја презеле контролата врз надзорните камери и врз интернет страницата на МОН, од министерството апелираат граѓаните да не наседнуваат на шпекулации. „Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е...

Шаќири апелира во продолжениот распуст да се почитуваат мерките против ковид-19

Новиот министер за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска на прес-конференција апелираше до учениците, родителите, наставниците за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19. „Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите,...

Објавени се листите со добитници на стипендии за студии од втор и трет циклус

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со добитници на стипендии за студии од втор и трет циклус во земјава за академската 2021/22 година. Вкупно 14 студенти на постдипломски студии ќе добиваат по 9.000 денари во текот на 9 месеци во годината, додека 15 докторанти ќе добиваат државни стипендии во висина од 18.000 денари месечно за 12 месеци. Листата...

Образованието во 2021 година: нова концепција за основците, протести на средношколците

Новата концепција, заедно со најавата за воведување електронски учебници и сеопфатно сексуално образование, проследени со низа дезинформации, лажни вести, но и протести на родителите, ги одбележаа случувањата во основното образование изминатата 2021 година. Протестираа и средношколците, а тие бараа промена во моделот на полагање државна матура и враќање во училишните клупи, наместо неквалитетна онлајн настава, што веќе од септември...

Студентите на УКИМ упатија „новогодишни“ барања до институциите

На еден ден пред крајот на 2021 година, Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) упати неколку барања до државните институции и локалните власти. Освен новогодишни честитки, на своите адреси Владата, Град Скопје, Министерствата за здравство, за образование и наука и за транспорт и врски, како и Државниот студентски дом „Скопје“, добија и...

МОН ги исплати средствата за субвенциониран студентски оброк за ноември

Вчера беше извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на 27.046 студенти корисници на ова право, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Од нив, вкупно 17.484 кои го оствариле правото во првиот рок од конкурсот, ги добија средствата за месец ноември. Истовремено, 9.562 студенти кои го остварија ова право во текот на вториот рок од конкурсот, добија средства...

Повеќе од 9.500 студенти се додадени на списокот за субвенциониран студентски оброк, во тек е испорака на решенијата

Во тек е генерирање и испорака на решенија преку порталот „е-услуги“ на над 9.500 студенти кои ги исполниле условите и го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк во рамки на вториот рок од повикот за аплицирање, информираше Министерството за образование и наука (МОН). Процесот на испорака на решенијата на студентите се очекува да биде завршен денес. Како што соопштија од МОН,...

Царовска: Учениците од најрана возраст треба да научат да препознаваат и да дејствуваат против сите форми на насилство

Насилството не смееме да го премолчиме. Сите заеднички треба да дејствуваме. Затоа, со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените, порача министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот Фејсбук профил, приклучувајќи...

МОН ги објави резултатите за ученички стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии за учебната 2021/2022 година. Резултатите се достапни на овој линк. Објавени се списоците со ученици кои добиваат стипендија во повеќе категории – стипендии за социјална поддршка на ученици, стипендии за ученици со посебни потреби, за талентирани ученици, спортисти, уметници, оние запишани во дуални паралелки, како и стипендии...

МОН: Студентите можат да се пријават за субвенциониран студентски оброк до 30 ноември

Студентите кои до сега не оствариле право за субвенциониран студентски оброк може да аплицираат до крајот на овој месец, заклучно со 30 ноември, соопшти Министерството за образование. Оваа можност за сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе биде достапна секој месец и тоа од 20-ти до 30-ти, односно 31-ви во месецот. Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк...

МОН ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии

УКИМ
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии за академската 2021/2022 година. Резултатите можат да се најдат на веб-страницата на МОН. Од годинава стипендиите за студентите се покачени. Износот на стипендиите од прва и втора категорија сега изнесува 6.050 денари, додека стипендиите за студентите на природни науки – хемија, физика и математика, изнесуваат 18.000...

Најголем предизвик за студентите е да останат во сопствената земја откако ќе дипломираат

Студентски дом Гоце Делчев
Дигитализација на универзитетите, поголема поддршка и помош од државата, квалитетна практична настава, иновативен пристап од професорите и поголем буџет за високото образование, бараат студентите во земјава. Нивните барања ги упатуваат на Меѓународниот ден на студентите, 17 ноември. Овој датум ја одбележува годишнината од нацистичкиот упад на Универзитетот во Прага во 1939 година, кога биле убиени осуммина студенти и еден професор,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...