fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Од утре студентите ќе можат да аплицираат за нови студентски стипендии и да ги продолжат старите

Студентски дом Гоце Делчев
Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, согласно условите и критериумите наведени  во конкурсот за академската 2021-2022 година, информираат од Министерството за образование и наука. Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што, како што велат од МОН, значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Оние студенти кои немаат можност да аплицираат електронски...

Учениците во „Никола Карев“ во Пробиштип учат со компјутери, таблети, смарт телевизори и смарт табли

Пандемијата на ковид-19 укажа на повеќе недостатоци на нашиот воспитно-образовен систем кога станува збор за опремување со ИТ уреди, па директорите на училиштата во земјава беа принудени да се „снаоѓаат“ и приспособат на новиот начин на функционирање. Така, најчесто преку донации беа набавувани уреди за да можат учениците да ги следат часовите на далечина, но и да ги имаат...

Царовска: Нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата, моделот на настава останува ист

Состојбата со ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, утрово на редовниот координативен состанок со директорите на основните...

МОН ќе додели уште 1.290 стипендии за ученици во дуални паралелки и во тригодишно средно стручно образование

Министерството за образование повторно ги отворa конкурсите за стипендии за ученици во дуални паралелки и за ученици во тригодишно стручно образование. Како што велат од МОН, ова е во „насока на целосна распределба на фондот на ученички стипендии предвидени за оваа учебна 2021-2022 година“. Конкурсот за доделување на стипендии за ученици запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе...

МОН: Прифатени се 18.149 апликации за субвенциониран студентски оброк од првиот повик

Студентски дом Гоце Делчев
Вкупно 18.149 апликации на студенти се прифатени во рамки на првиот рок за аплицирање на повикот за субвенциониран студентски оброк, соопшти Министерството за образование и наука. Во првиот повик кој беше отворен за студентите од втора и повисоките години на студии пристигнале вкупно 21.693 апликации. Апликациите биле разгледани од страна на надлежната комисија која прифатила над 83 отсто од поднесените...

МОН: Oколу 0,02 проценти од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19

Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02 проценти од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19, истиот процент е и кај наставниците, информираат од таму. „Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2 проценти. Дел од нив се веќе негативни и вратени...

МОН: До 15 септември аплицирање на новите конкурси за средношколски стипендии

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирањето на новите конкурси за доделување на средношколски стипендии за учебната 2021-2022 година, како и поднесувањето документи за обнова на правото на стипендија за тековните корисници кои истото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а исполнуваат услови за продолжување. Конкурсите за доделување на ученички стипендии се објавени на...

Глигорова: Дали детето ќе учи во училница или онлајн, да биде одлука на родителот

Дали детето ќе следи настава во училница или, пак, ќе следи часови од дома, да биде избор на родителот, побараа денеска пред Владата претставници на движењето „Поддршка за онлајн настава“. Оваа група на Фејсбук има 15.000 членови, кои секојдневно реагираат за начинот на кој е најавено дека ќе започне реализацијата на часовите од 1 септември. - Правото на живот и...

Петнаесет училишта добија мобилни станици за миење раце во пресрет на новата учебна година

Петнаесет училишта посочени од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат добија мобилни станици за миење раце, донирани од УНИЦЕФ и УСАИД. Денеска министерката за образование Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и на УСАИД, Ерик Јановски, заедно со Филип Темелковски, градоначалник на Кисела Вода и Македонскиот центар за граѓанско образование го посетија основното училиште „Климен Охридски“...

УНИЦЕФ го поздрави отворањето на училиштата, Таравари вели да се размисли за одложување на стартот на учебната година

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на прес-конференција денеска истакна дека се согласува оти наставата треба да започне со физичко присуство, но и дека треба да се размисли за одложување на почетокот на учебната година. „Мислам дека треба учениците да одат во училиште, меѓутоа бројките се загрижувачки. Факт е дека бројките се покачуваат и во Германија, Америка, Косово, Албанија и Бугарија,...

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и настава со физичко присуство

Сојузот на средношколците денеска одржа состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој ја поздравија одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство. Тие го споделија заедничкиот став со министерството дека отворањето на училиштата под здравствени протоколи е најдобра опција за сите ученици. „Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна...

МОН: Учебната година започнува со физичко присуство, наставата ќе тече под здравствени протоколи

Учебната година од септември ќе започне со физичко присуство во основните и средните училишта, а наставата ќе се одвива под здравствени протоколи, одлучи вчера Владата на Република Северна Македонија по мислење дадено од Главниот координативен кризен штаб. Претходно министерката за образованиe и наука Мила Царовска изјави дека во најдобар интерес на учениците е наставата да започне со физичко присуство во...

Објавени се резултатите од конкурсот за сместување во ученичките домови

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се објавени резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Северна Македонија за учебната 2021/2022 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31.8.2021 година. Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три...

МОН: Најдобро е од 1 септември учениците да се вратат во училишните клупи

Министерството за образование и наука (МОН) интензивно се подготвува за започнување на новата учебна година од 1 септември, во услови на пандемија, преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје, информираат оттаму. „Oд вкупно 31.447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60 отсто и апелираме наставниот и останатиот кадар во...

МОН: Студенти, аплицирајте да добивате 2.400 денари месечно за студентски оброк

Министерството за образование и наука (МОН), потсетува дека во тек е јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок од 2.400 денари за девет месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти...

МОН доделува стипендии за постдипломците и за првпат стипендира 15 докторанти

Министерството за образование и наука за првпат објави конкурс за доделување стипендии за докторски студии во земјава. Откако беа укинати пред 10 години, повторно е објавен и конкурс за стипендии за студенти на постдипломски студии. Од МОН соопштуваат дека согласно направената измена на програмата за научно-истражувачка дејност, од претстојната академска 2021-2022 година се воведуваат 50 стипендии за студии од втор...

МОН ги објави конкурсите за ученички и студентски стипендии за 2021-2022

Министерството за образование и наука (МОН) извести дека се објавени конкурсите за доделување на ученички и студентски стипендии за учебната, односно студиската, 2021-2022 година. Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат на следниот линк. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија. „МОН и Владата оваа...

МОН: Опозицијата го блокира Законот со кој на наставниците континуирано ќе им растат платите

Пратениците повеќе од три месеци не ги гласаат законските измени со кои на наставниците и стручните соработници им се обезбедува континуиран раст на платите и подобар статус. Во законот кој го блокираат пратениците од опозицијата стои клаузула со која правно се заштитува понатамошно девалвирање на платата на наставникот, односно за првпат платата на наставниот кадар се усогласува со минимална...

Од годинава студентите и учениците ќе добиваат зголемени стипендии

Царовска на средба со ученици и студенти
Социјалните стипендии за студентите ќе се зголемат двојно, односно од 3.000 денари на 6.050 денари месечно, додека ученичките кои се движеа од 2.000 до 2.970 денари, се зголемуваат во просек за 11 отсто и сега ќе изнесуваат 3.500 денари месечно. Ова го соопшти министерката за образование Мила Царовска на денешната средба со ученици и студенти. Студентите на природните науки –...

МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение

Ѓорги Божиков е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение, информираат од Министерство за образование. Од таму додаваат дека изработката е во завршна фаза и во текот на летниот период истите ќе бидат претставени на...

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...