МОН: Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно образование

Lil Foot / Pixabay

Министерството за образование и наука објави нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование.

Конкурсот се однесува за повеќе струки меѓу кои геолошка, рударска, металуршка, градежно – геодетска, графичка, економско – правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско – ветеринарна, лични услуги, машинска, сообраќајна, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, шумарско – дрвопреработувачка и хемиско – технолошка струка.

„Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование“, информираат од Министерството за образование и наука.

Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 25.7.2022 година, а повеќе детали околу сите дополнителни услови, критериуми, потребната документација и начинот на достава може да се обезбедат на следниот ЛИНК.