Објавени се листите со добитници на стипендии за студии од втор и трет циклус

Фото: Sincerely Media on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со добитници на стипендии за студии од втор и трет циклус во земјава за академската 2021/22 година.

Вкупно 14 студенти на постдипломски студии ќе добиваат по 9.000 денари во текот на 9 месеци во годината, додека 15 докторанти ќе добиваат државни стипендии во висина од 18.000 денари месечно за 12 месеци.

Листата на добитници на стипендии за магистерски студии може да се најде овде, а за студенти на докторски студии овде.

Од МОН соопштија дека конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус останува отворен поради неисполнување на квотата на предвидениот број стипендии за доделување, односно во конкурсот се предвидени 50 стипендии. Конкурсот за стипендии за студии од трет циклус, пак, се затвора.

Како што додаваат од МОН, добитниците на стипендија на домашна адреса ќе добијат решение за прифаќање на апликацијата и ќе бидат дополнително контактирани за потпишување на договорите за доделување на стипендијата.

Кандидатите што не се нашле на списокот пак, на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, како и упатство за правно средство против истото решение. Незадоволните кандидати до МОН може да достават претставка, со цел повторно разгледување на нивната пријава.