fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Студентите од утре може да аплицираат на повикот за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека е објавен повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок за оброци од околу 2.400 денари за девет месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти започнува утре и ќе трае до 3 декември, а аплицирањето се врши електронски преку порталот „е-услуги“. Како...

Наскоро конкурс за стипендии за студенти Роми и конкурс за втор и трет циклус на студии

Конкурсот за стипендии за студенти Роми ќе биде објавен во наредните неколку денови, а подоцна и конкурсите за стипендии за студенти на втор и трет циклус на студии, информираа од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк. Оттаму велат дека стипендиите за постдипломски и магистерски студии се предвидени во Програмата за научно- истражувачката дејност за 2022 година и...

Објавен е конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година. За оваа година се предвидени вкупно 3.000 стипендии, а воведени се и три нови категории, поради, како што велат од МОН, информациите за недостиг на кадар во одредени области. Меѓу новите категории се предвидени 30 стипендии за студенти запишани на студиски програми од областа на...

Марш за повисок стандард на Меѓународниот ден на студентите

Повисок студентски стандард преку подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, зголемување на износот на оброкот и стипендиите и дигитализација на образованието, побараа студентите од државата додека маршираа од Владата кон Министерството за образование и наука. Овие барања се само „кајмак“ на ситуацијата во која се наоѓаат студентите денес, среде финансиска криза, додека под површината...

Стипендиите за студентите на земјоделство, ветеринарство и шумарство ќе изнесуват 18.000 денари

Новите стипендии кои ќе се доделуваат на студенти запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки ќе изнесуваат 18.000 денари месечно, а ќе се доделуваат за девет месеци во текот на една академска година. Предвидени се вкупно 30 вакви стипендии, информираше денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. „Ова е добра прилика уште еднаш да...

МОН: Ќе интервенираме во студентските домови почнувајќи од онаму каде што е најитно

По барањето на претставниците на студентите за подобрување на условите во студентсктие домови, Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ќе интервенира почнувајќи од оние студентски домоги каде што е најитно. Од МОН додаваат дека веќе се добиени проекти од Германската банка за развојни политики во вредност од 24 милиони евра и дека дел од студентските домови се...

Студентите и државата постигнаа договор околу субвенционираниот оброк

Средбата меѓу студентите и претставници на државните институции заврши со договор за субвенционираниот студентски оброк. Според договореното, оброкот за почеток ќе се исплаќа како и минатата година, односно до 15 март студентите ќе ги добиваат средствата на месечно ниво, а висината на оброкот останува 120 денари дневно. До 15 декември, пак, студентите ќе ги добијат средствата што им следуваа...

Пред студентскиот протест, партиите со свои “рецепти” за субвенционираниот оброк

Претставници на универзитетските студентски собранија од повеќе државни и приватни универзитети денеска ќе остварат средба со пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која ќе се разговара за измените на Законот за субвенциониран студентски оброк. Средбата следува по реакциите во јавноста откако предлог-законот се најде на дневен ред на собраниската седница закажана за в среда, поради...

Се повлекува предлог-законот за субвенциониран оброк, студентите утре на средба со пратениците и МОН

Студентски дом Гоце Делчев
Предлог-законот со кој се предвидуваа измени на субвенционираниот студентски оброк се повлекува од Собранието, откако истиот се најде на дневен ред на собраниската седница закажана за в среда. Повлекувањето на предлогот го најави пратеничката Моника Зајкова од Либерално демократската партија (ЛДП) која беше меѓу пратениците што ги предложија измените во законот за субвенциониран студентски оброк. Нејзината најава доаѓа по реакциите во...

МОН: До Нова година да се одработат часовите што беа пропуштени заради дојавите за бомби

Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно–образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштените часови. Ова е ставот на Министерството за образование и наука (МОН), откако...

МОН доделува грантови за училишта во кои се негува меѓуетничката интеграција

Министерството за образование и наука (МОН) објави јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго...

Мета факт: Дигитализацијата при вселување во студентските домови во Скопје не функционира

Студентски дом Гоце Делчев
Во мај годинава, Државниот студентски дом – Скопје најави дека упишувањето во државните студентски домови на почетокот на академската година ќе се дигитализира, со што ќе се стави крај на чекањето во долги редици и обемната документација при вселувањето. Сепак, најавената дигитализација не профункционира на почетокот на академската 2022/2023 година, а долгите редици од студенти пред студентскиот дом „Гоце...

МОН: Субвенционирањето на цената на струјата во училиштата помага да продолжи наставата со физичко присуство

Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која постојат – едукација на младите, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму велат дека владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за...

Државата ќе доделува стипендии и за студенти на земјоделски, ветеринарни и шумарски науки

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на последната седница донесе одлука за воведување на нови категории на студентски стипендии. Како што соопштија од Владата, со предложените измени се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските,...

Спор меѓу ЈСП и МОН: Нетактичност и политички препукувања на штета на студентите и учениците

Кој е виновен за (не)субвенционирањето на бесплатниот превоз за студентите и учениците во Скопје? Ова прашање се поставува среде недоразбирањата меѓу Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП – Скопје) и Владата на Република Северна Македонија, со кои ненадејно се доведе во прашање и бесплатниот јавен превоз во главниот град за студентите на државните универзитети што досега непрекинато функционираше од воведувањето во...

Конкурсите за ученички и студентски стипендии ќе бидат објавени наскоро, нема да се кратат износите

До крајот на месецов се очекува да биде објавен конкурсот за доделување на ученички стипендии, а потоа и конкурсот за доделување на студентските, вели за „Мета.мк“ министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Во однос на шпекулациите за намалување на стипендиите за студентите, Шаќири вели дека нема да бидат кратени ниту износите, ниту квотите, но додава оти ќе се менуваат...

Субвенционираниот студентски оброк ќе се исплаќа како минатата година, системското решение ќе почека

Преодното решение за исплата на субвенционираниот студентски оброк што важеше минатата година ќе се примени и на почетокот од академската 2022/2023. Тоа значи дека студентите и понатаму средствата за оброк ќе ги добиваат на своите трансакциски сметки на месечно ниво, наместо секојдневно да плаќаат кај угостители преку специјализирана картичка или мобилна апликација, како што беше предвидено. Системското решение за исплата...

Град Скопје: МОН му должи на ЈСП 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и на студентите

Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров најави протест пред Владата утре точно на пладне ако не се исплатат 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и студентите. Ваквата најава дојде откако ЈСП Скопје вчера се закани дека ќе го прекине автобускиот јавен превоз во главниот град ако до утре не им се исплати заостанатата плата за септември. Како што...

Субвенционираниот студентски оброк уште се „готви“, неизвесно е кога и како ќе го добијат студентите

Неизвесна е судбината на субвенционираниот студентски оброк. Изминува првата недела од почетокот на новата академска година, а студентите уште не знаат дали државата и годинава ќе им го олесни финансискиот товар кога станува збор за нивната исхрана. Законодавците и надлежните смируваат дека измените се во тек и дека студентите сепак нема да останат „гладни“. Минатата година Министерството за образование и...

Порталб: Студентите на ДУТ и оваа година без студентски дом

Студентите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и оваа академска година ја почнаа без студентскиот дом, и покрај големата потреба на студентите од другите градови и регионот што студираат на овој универзитет. Градежните работи на студентскиот дом се завршени, а во постапка е поставување на мебелот. Властите постојано ги пролонгираа крајните рокови за овој студентски дом. Од Министерството за...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...