МОН: Ќе интервенираме во студентските домови почнувајќи од онаму каде што е најитно

фото: Мета.мк

По барањето на претставниците на студентите за подобрување на условите во студентсктие домови, Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ќе интервенира почнувајќи од оние студентски домоги каде што е најитно. Од МОН додаваат дека веќе се добиени проекти од Германската банка за развојни политики во вредност од 24 милиони евра и дека дел од студентските домови се во фази на подобрување на состојбата.

„Во периодот што следи во разговор со студентите ќе се направи план за менаџирање на новиот буџет со потребите“, велат од МОН.

По синоќешната средба, од Министерството велат дека од денеска почнува активната комуникација со претставници на студентските собранија со кои ќе се работи на изнаоѓање системски решенија за посочените предизвици.

„Јас ќе бидам во постојана комуникација со работната група и тие ќе бидат дел од тимот со кој ќе работиме заедно – и за системското решение, и за подобри услови, и за сите други проблеми што ги имаат студентите. Одржана е средба на која е одлучено додека во меѓувреме се работи на креирање системски и трајни решенија, Студентскиот оброк по цена од 120 денари дневно ќе се исплаќа ретроактивно до март“, посочува Шаќири.

Од МОН појаснија дека ќе се предложи нов предлог-закон за субвенциониран студентски оброк во кој ќе влезат условите од постојниот закон од 2021 година.

Студентите и државата постигнаа договор околу субвенционираниот оброк