fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми

„ВМРО-ДПМНЕ со голема загриженост ја следи безбедносната состојба, особено во Куманово, во населбата Диво Насеље. Навреме се осознаени и нашите органи навреме дејствуваат“, рече Антонио Милошоски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата упатуваат апел до сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба, на воздржаност и на смиреност и во дејствувањето и во примањето какви било шпекулации или информација. -...

ОБСЕ: Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација

Мисијата на ОБСЕ во Скопје одблиску ја набљудува безбедносната ситуација во Куманово и бара од сите засегнати да останат смирени. - Веруваме дека безбедноста на локалното население е од суштинско значење. Во постојан контакт сме со сите релевантни власти и бараме сите граѓани и политички партии да останат смирени. Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација, која може...

ДПА: Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци

Демократска партија на Албанците апелираше до сите македонски граѓани да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и тврди дека Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци кои не се совпаѓаат со нивните методи на решавање на проблемите. „ДПА внимателно ги следи новите случувања на ситуацијата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и...

ДОМ: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

ДОМ изрази длабока загриженост за настаните во Куманово и им дава недвосмислена поддршка на институциите да си ја извршат својата професионална обврска и да се справат брзо и ефикасно со безбедносните закани. Партијата апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации кои водат до меѓуетничка нетрпеливост и до судири. „Бескрајно жалиме за жртвите на овие насилни дејства. Ова е многу...

Во Куманово уште се пука, се евакуира населението од подрачјето на акцијата

Жителите на Диво Насеље во Куманово се евакуираат, а полициската акција сè уште трае. Во населбата повремено се слушаат пукотници. Приодот до населбата е затворен, освен за полициски и за возила на Брза помош. Нема официјална информација за точниот број на повредени лица или за жртви, иако во соопштението на Амбасадата на САД беше изразено „сочувство за загинатите“. Неофицијално се говори дека 20...

Делегацијата на ЕУ повикува на смиреност и на утврдување на фактите

Делегацијата на Европската унија во Скопје, во врска со престрелката утринава во Куманово, повикува на смиреност во јавноста и бара да се почека да бидат утврдени фактите од релевантните власти. „Делегацијата на Европската унија внимателно ги следи извештаите за полициската операција, која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и...

Амбасадата на САД повикува на зачувување на мирот

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје апелира на зачувување на мирот и изрази сочувство за загинатите и за повредените во полициската акција во Куманово. „Длабоко жалиме за загубата на животот на луѓето во полициската акција во Куманово и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на полицајците и на цивилите кои се убиени и ранети. Ние ја следиме ситуацијата и сме во...

Заев: Црното сценарио нема да успее, протестите да мируваат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и на присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликт и дестабилизација на Македонија, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вонредната прес-конференција по утринската акција на МВР во Куманово. - Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто,...

Ете зошто го преместиле конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше закажан за дeнеска во Куманово

За денеска во Куманово првично беше планирано да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој беше поместен една недела порано поради, како што објави „Мета“, „безбедносни и оперативни цели“. Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираа дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано со најавените протести на опозицијата. – За датумот за одржување на конгресот одлучува Централниот одбор. Неговото...

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејства што се во...

Престрелка во Куманово, повредени 12 полицајци

Утрово се случила престрелка меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група во кумановската Дива Населба, во која повредени се 12 полицајци, иако бројката никој не ја потврдува. Патот кон Куманово е блокиран, ангажирани се силни полициски сили и болнички возила. Како што јавуваат медиумите оттаму, по краткиот прекин, престрелката меѓу вооружената група и полицијата повторно се разгорела. Нема потврда на информациите дека...

Полициската станица во Гошинце заземена од вооружени лица

Полициската станица во село Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица, пренесе „Фокус“. Според неофицијалните информации, вооружените лица влегле од Косово. Прес-конференција за овој настан е најавена во Министерството за внатрешни работи.

Пукал со воздушна пушка кон соседот

Синоќа, околу 23.30 часот, во Полициската станица во Куманово, А.С. (37) од Куманово, пријавил дека додека бил дома, слушнал силен звук од прозорецот од неговата семејна куќа, по што, кога излегол надвор, на балконот во конструкцијата од прозорецот забележал дупка со проектил во внатрешноста. Во соседната куќа, пак, сопственост на О.С. (42), на терасата забележал неколку лица кои откако...

„Бомба“ и марш во Куманово

Денеска, во 14 часот, во просториите на општинската организација на СДСМ во Куманово, на прес - конференција ќе се обрати Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ-Куманово. Подоцна, во 18.30 часот, во Куманово ќе се одржи народен марш, кој ќе почне пред поранешниот комитет.

Професори од Оксфорд ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа

Професори од Англија, од Универзитетот „Саутемптон“, Единбург, Оксфорд, ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа. Како што најави директорката на Музејот во Куманово, Анита Цветановска, проектот ќе трае наредните четири години, а добил поддршка од Управата за заштита на културното наследство и од Министертвото за култура. - Фокусот е ставен на регионот на Костоперска карпа во Младо Нагоричане, познат уште како Жеглиговски...

МЗТ Скопје го совлада Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ја совладаа екипата на Куманово со 81-74 и со тоа се зацврстија на челната позиција на табелата во првата македонска кошаркарска лига, пренесува „Екипа“. Клучна за победата на МЗТ беше третата четвртина од натпреварот, во која тимот од Аеродром со доминантна игра успеа да создаде предност, која ја задржа до самиот крај. Најефикасен во тимот на...

Исчезна 17-годишно девојче од Куманово

Седумнаесетгодишно девојче од Куманово е пријавено дека вчера утрото го напуштило домот и оттогаш не се вратило. Според МВР, откако во 7 часот утрото заминала од домот, девојката не се вратила, а ѝ се губи и секоја трага. По неможноста сами да го најдат детето, таткото А.К. (49) го пријавил случајот кај надлежните власти во Куманово. СВР Куманово превзема мерки за да го...

Деца од Кумановско заминаа на бесплатно зимување на Пелистер

Утрово на бесплатно зимување на Пелистер замина група од 67 деца од Кумановско. Ова зимување е во рамки на проектот на Министертвото за труд и социјална политика за користење бесплатна услуга за одмор и за рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.  

Осум села во Кумановско отсечени поради снегот

Во општина Кумано, според информациите од Републичкиот центар за управување со кризи (РЦУК), отсечени се осум села и тоа Косматац, Мургаш, Колицко, Живиње, Брзак, Карабичане, Кутлибег и Сушево. Надлежните ги расчистуваат патните правци и најавуваат дека во текот на денот сите ќе бидаат проодни.

Куманово исклучен од БИБЛ

Македонскиот претставник во БИБЛ, Куманово, е суспендиран од натпреварувањата поради непочитување на обврските. - За жал, принудени сме да го суспендираме Куманово додека не бидат решени сите проблеми меѓу раководството на клубот и менаџментот на лигата. Нема да прифатеиме и да толерираме тим да биде привилегиран кога се обврските кон лигата во прашање. КК Куманово на последниот натпревар и последните месеци...

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...