fbpx

ДПА: Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци

-

Демократска партија на Албанците апелираше до сите македонски граѓани да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и тврди дека Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци кои не се совпаѓаат со нивните методи на решавање на проблемите.

„ДПА внимателно ги следи новите случувања на ситуацијата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и во никој случај да не подлегнат на провокации. ДПА, во согласност со моменталната политичка позиција на политичката сцена, во којашто е во опозиција, бара од Министерството за внатрешни работи, како и од другите владини институции кои се вклучени во оваа ситуација, со своите постапки во никој случај да не ги загрозат животите и имотите на граѓаните.

ДПА ги повикуваа Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и со агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми“, се вели во апелот на ДПА.

Од партијата на Мендух Тачи ги повикаа меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација за да се спречи понатамошна ескалација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...