fbpx

Пукал со воздушна пушка кон соседот

-

Синоќа, околу 23.30 часот, во Полициската станица во Куманово, А.С. (37) од Куманово, пријавил дека додека бил дома, слушнал силен звук од прозорецот од неговата семејна куќа, по што, кога излегол надвор, на балконот во конструкцијата од прозорецот забележал дупка со проектил во внатрешноста. Во соседната куќа, пак, сопственост на О.С. (42), на терасата забележал неколку лица кои откако го забележале, набрзина го напуштиле балконот и влегле внатре во куќата.

По информативниот разговор со О.С., тој истакнал дека во период кога е пријавен настанот тој не бил дома, а за тоа време заедно со другарите бил дома сам неговиот малолетен син. Констатирано е дека О.С. со потврда поседува воздушна пушка и дека истата ја чувал во една од просториите од куќата, но дека неговиот син ја немал користено пушката затоа што не знаел да ракува со неа. Тој истакал дека е можно тоа да ги имало сторено некој од неговите другари. По консултација со Јавното обвинителство, воздушна пушка со потврда за одземени предмети е привремено одземена и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...