Македонскиот претставник во БИБЛ, Куманово, е суспендиран од натпреварувањата поради непочитување на обврските.

– За жал, принудени сме да го суспендираме Куманово додека не бидат решени сите проблеми меѓу раководството на клубот и менаџментот на лигата. Нема да прифатеиме и да толерираме тим да биде привилегиран кога се обврските кон лигата во прашање. КК Куманово на последниот натпревар и последните месеци не ги почитува и исполнува маркетиншките и медиските правилата. За оваа наша одлука денеска ја информиравме и Македонската кошаркарска федерација – се вели во соопштението од БИБЛ.