fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

Заев од Куманово: Вечерва ќе се одлучува за идната стратегија на СДСМ

Лиерот на опозицијата, Зоран Заев, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, ги посети куќите од Диво Насеље каде викендов се водеа борби помеѓу полицијата и терористичката група. Претседателот на СДСМ беше пречекан со овации, а народот го поздравуваше со аплауз. Заев рече дека дошол да го посети местото каде викендов се случуваа...

„Мета“ во Куманово: Диво Насеље е како Бејрут

Денеска во Диво Насеље во Куманово, каде викендов се одвиваше полициска акција, е мирно. Улиците се преполни со луѓе. Од борбените дејства оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини. Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе. Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните...

Албанија бара брза истрага за настаните во Куманово

Владата на Албанија ги повика македонските власти на што е можна побрза, целосна и транспарентна истрага во функција на вистината и на стабилноста во Македонија и во регионот. „Во овие услови, особено е важна заштитата на животот, имотот, слободата и на правата на секој граѓанин на Македонија, независно од етничката припадност. Како никогаш претходно, ова важи за Куманово, каде живее претежно...

Галерија: Екипа на „Мета“ во Куманово, шокантни фотографии од Диво Насеље

  Екипата на „Мета“ влезе во Диво Насеље во Кумановo, каде забележа целосно разурнати куќи. Сопствениците на објектите се пред своите домови и гледаат што има останато од нив.  

Мустафа: Ситуацијата во Прешево е мирна и стабилна

Градоначалникот на општина Прешево, Рагми Мустафа, утринава изјави дека ситуацијата во неговата општина е целосно стабилна и нема нарушување на општата состојба на безбедноста. - Ситуацијата во општина Прешево е сосема стабилна, мирно е, како и секој друг ден се живее и се работи. Нормално, вознемиреноста се пренесува затоа што Прешево е во близина на Куманово, која е соседна општина...

Хрватски експерти: Владата не одговори на најважните прашања за Куманово

Во Македонија постои континуитет на кризни ситуации во кои, од една страна, постепено дошло до зајакнување на авторитарната власт, но, од друга страна, цивилната сцена е пообединета од кога и да е, оценуваат хрватски експерти за ХРТ. Експертот за безбедносни прашања Влатко Цвртила вели дека настаните во Македонија на почетокот ѝ одговараа на владејачката гарнитурата затоа што го одвлекуваа вниманието од...

ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО со заедничко соопштение за настаните во Куманово

„Силно веруваме дека не смее да се дозволи овој настан да им наштети на односите во општеството. Исто така, се надеваме дека ова ќе биде моментот во кој лидерите на земјата заеднички ќе се ангажираат во дијалог за сите прашања со кои се соочува земјата, вклучувајќи ја и долготрајната политичка криза и неопходните реформи“, стои во заедничкото соопштение од...

Генералниот секретар на НАТО повика на воздржаност и на истрага

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази голема загриженост за ситуацијата во Куманово и во Македонија и изрази сочувство за семејствата на загинатите и на ранетите. „Важно е сите политички лидери и лидери на заедници заедно да работат за да го вратат мирот и да спроведат транспарентна истрага за да се воспостави што се случило. Итно ги повикувам сите на...

Погребани загинатите полицајци од полошкиот регион

Попладнево беа погребани тројцата припадници на полицијата од полошкиот регион, кои загинаа во вооружената престрелка во кумановско Диво Насље. На градските гробишта во Тетово, со државни и со воени почести, беше погребан 32-годишниот полицаец Сашо Самојловски од Тетово. На гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостивараското село Зубовце...

Бугарските екстремисти се ситат: За Куманово е виновен Охридскиот договор и дефокусот од протестите

Бугарија не треба да молчи за Македонија! Треба да излезе со став дека е против нарушувањето на границите, сепаратизам и против сите обиди сличните проблеми да се решаваат со насилни средства. Ова го изјави лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во емисијата „Разбуди се“ на бугарската телевизија „Нова“. Тој истакна дека Куманово се наоѓа на само 70 километри од бугарската граница и...

Општина Куманово отвори кол-центар за сместување на раселените

Општина Куманово отвори телефонски центар за граѓаните што имаат потреба да бидат згрижени. Сите семејства кои имаат потреба од сместување или каква било друга помош и проблем, можат да се јават на телефонските броеви 031 475-830 и 475-800. Како сместувачки капацитети ќе бидат искористени Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, спортски сали на училиштата „11 Октомври“, „Кочо Рацин“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“ и градинките. Општина Куманово одвои два...

Г.Г.Стефан: Единството треба да биде нашата најголема сила

Да се помолиме за душите на загинатите и за здравје на повредените, побара поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во говорот по осветувањето на црква во Штип. При тоа, поглаварот се осврна на актуелната состојба и последните настани од Куманово. - Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон народот и кога партиските и личните интереси ни...

Сочувство до семејствата на загинатите од СДСМ

Од СДСМ изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, како и до семејствата на загинатите цивили. „Во овие тешки моменти за Република Македонија, уште еднаш повикуваме на смиреност и на присебност, да не се предизвика дополнителна ескалација на состојбата и дестабилизација на државата, што може да доведе до нови трагедии и до губење човечки...

Обвинителството спроведува истражна постапка за случувањата во Куманово

Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против определен број лица, за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, информираат од Обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по примената кривична пријава...

„Не бегав ни во 2001 година, нема ни сега“, сведочи за „Мета“ очевидец на настаните во Куманово

„Мета“ разговараше со жител на населбата Серава, кој живее на неколку стотини метри од т.н. Диво Насеље и чиј прозорец гледа директно на населбата. Тој вели дека сега е мирно и пукање нема веќе три часа. Утрово околу 7 часот биле разбудени од силни пукања, кои траеле интензивно, а потоа и спорадично. - Сега е мирно, нема никакви истрели. Мислам дека заканата е елиминирана и...

Хан е длабоко разочаран, апелира на воздржаност

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во својата реакција по повод вчерашните случувања во Куманово, апелира да се врати смиреноста и целосно да се истражат настаните. „Длабоко сум загрижен за состојбата во регионот на Куманово и за можните повредени и загинати. Апелирам до властите и до сите политички и лидери на заедниците да соработуваат, да ја вратат смиреноста и целосно да...

Во Куманово се пука и утринава, повредени уште тројца полицајци

Во Куманово се пука и утринава. Полицијата околу 7 часот имала уште една престрелка со вооружената група во Диво Насеље. Според медиумите, во престрелката утринава се повредени тројца полицајци, кои итно се префрлени на лекување во Скопје. Полицијата сè уште ги блокира сите влезови на населбата, а жителите од тој дел на градот од утрово немаат струја. Жителите на Куманово велат дека утрово...

Денеска и утре – денови на жалост

Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука денеска и утре да бидат денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедностите сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и за разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово. На деновите на жалост, знамето на Република Македонија ќе биде истакнато на половина копје. Агенцијата за...

Загинатите полицајци се од Тетово, Брвеница и од гостиварско Зубовце

Полицајците Жарко Кузмановски од Брвеница, Сашо Самојлоски од Тетово на возраст од околу 32 години и 28-годишниот Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце, се жртвите од вооружената престрелка во кумановско Диво Насеље. Трагичната вест семејствата на убиените ја слушнале попладнево. Брвеница денеска беше обвиена во тага, а револтот кај мештаните кои беа излезена на сред село беше голем. Дел од нив избегнуваа да зборуваат за...

Тројца загинати полицајци во престрелките во Куманово, акцијата е при крај

Тројца припадници на безбедносните органи загинале во престрелките во полициската акција во Куманово која е при крај и се претресуваат последните куќи во регионот на Диво Насеље. Оваа информација ја пренесуваат медиумите од Куманово, но за неа сè уште нема официјална потврда. Според истите неофицијални извори, повредени се уште десетина лица, а наводно на полицијата ѝ се предале 30-тина терористи. Во меѓувреме, жителите...