fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

Хашим Тачи бара меѓународна истрага за настаните во Куманово

Неосновани се тврдењата дека постојат аспирации за создавање „Голема Албанија“, изјави денеска шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи. - Го осудуваме насилството во Македонија, дијалогот е единствено решение. Не сакаме каква било дестабилизација. Македонија е сојузник на Косово на патот кон ЕУ – рече Тачи, додавајќи дека Косово го почитува Охридскиот договор, со кој се стави крај на конфликтот меѓу...

Груевски за „Прес 24“: Немаме податоци дека зад Куманово стои странска држава

Во интервју за порталот „Прес 24“, премиерот Никола Груевски зборува за неколку актуелни прашања, за неговото обраќање пред пратеничката група на Европската народна партија, за европската иднина на Македонија, гасоводот, Куманово и слично. Еве ги неговите ставови за некои од тие теми: За европската иднина на Македонија: „Многу јасно кажав дека иднината на Македонија е во НАТО и во ЕУ. Патем,...

Европратениците бараат одговорност од лидерите, но и од ЕУ за кризата во Македонија

Доцна попладнево во Стразбур се одржа пленарната сесија на Европскиот парламент на која европратениците расправаа за актуелната политичка криза во Македонија и за неодамнешните случувања во Куманово. Општата оцена на европратениците беше дека земјата се наоѓа во тешка политичка ситуација, повикаа на одговорност од лидерите на политичките партии во земјата, но и на одговорност од Европската унија кон предизвиците со...

Штајнмаер: Македонија да докаже дека останува на европскиот пат

Актуелните случувања во Македонија биле централна тема на прес-конференцијата на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, по денешната средба со неговиот албански колега, Дитмир Бушати, во германското Министерство за надворешни работи во Берлин, пренесува „Вест“ на својата интернет-страница. „Инцидентот од предминатата недела (во Куманово) ја затече Европа и ја наведе вистински да се фокусира на она што се случува....

Нова контроверза за акцијата во Куманово: И полицаец бил меѓу терористите?

Меѓу уапсените припадници на терористичката група, што пред десетина дена беше разбиена во Куманово, сепак, има и полицаец, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски. На нашето прашање дали е точно дека меѓу приведените во акцијата во Куманово имало и полициски службеник, Котевски одговори: „Да, мислам дека е точно“. Истото прашање го...

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството. Во дописот, како одговор на нашите прашања „Колку вкупно лица ги загубија животите во текот на акцијата? Колку припадници...

Нормализиран сообраќајот во Куманово

Сообраќајот на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово е целосно нормализиран. Полициските автомобили што беа поставени на почетокот од крстосницата меѓу улиците Доне Божинов и Гоце Делчев од едната страна и во близина на џамијата од другата страна ги нема и сообраќајот се одвива без застои. Граѓаните минуваат со автомобили, а непречено се одвива и превозот на патници со автобуси. На овие...

Во Куманово мирно, две улици сè уште се блокирани

Втор ден полицијата го држи затворен приодот кон полициската станица во Куманово, со блокирање на две улици кои кружно водат кон зградата на СВР Куманово, објави порталот „Кумановски муабети“. Со поставување полициски возила, полицијата во четвртокот, според неофицијални извори, поради превенција од можен напад, ги загради улиците 11 Октомври и Тодор Велков, што кај граѓаните на Куманово создаде извесена паника...

Побегнатиот терорист Османи: Во Куманово се боревме за албанска држава во Македонија

Сулејман Османи, терористот кој ѝ избегал на полицијата еден ден по акцијата во Куманово, во интервју за косовската телевизија РТК изјавил дека целта на групата била создавање албанска држава во Македонија, по принципот на Република Српска во Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“. Според него, групата броела повеќе од 2.000 борци. Тој ги негирал тврдењата дека групата имала материјални цели, односно дека не...

Нов текст во „Њујорк тајмс“: Малата Македонија се соочува со огромен скандал

„Њујорк тајмс“ во опширна анализа за Македонија со наслов „Малата Македонија се соочува со огромен скандал“, пишува за политичката и за безбедносната криза во земјава. „Некогаш гледана како блескава светлина меѓу поранешните комунистички држави, Македонија полека, во текот на последната деценија, се лизна во авторитарна власт под партија која ги ограничува новинарските права, ги охрабрува безбедносните сили, доминира во судството, па еднаш дури...

Блокирани улици и полициски возила во Куманово

Заради настанатата состојба, во Куманово има зголемо полициско присуство, изјави Иво Котевски на прашањето што се случува во овој град. Тој не сакаше да каже која е таа „настаната состојба“. Од синоќа кумановските медиуми јавуваат дека во градот е засилена безбедноста и дека се гледаат оклопни полициски возила на улиците околу полициската станица. За засиленото полициско присуство и за блокираниот приод до полициската...

МВР: Идентификувани телата на командант Нато и на командант Бегу, уапсен командант Соколи

По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група, Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото на Интерпол Скопје, почнало со процедура за потврдување на идентитетот на лицата. Како што информираат од МВР, досега бил потврден идентитетот на Мирсад Ндрецај (36), познат како командант Нато, за кого, според полицијата, постојат сомневања дека бил еден од лидерите на групата ликвидирана во...

МВР објави нова видеоснимка од апсењето на терористите во Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави нова видеоснимка од акцијата за разбивање на терористичка група во кумановското Диво Насеље, што се одвиваше во саботата и во неделата. На снимката, според МВР, се гледа предавањето на дел од терористите на полициските сили. https://www.youtube.com/watch?v=D9Hy9FHb4tk

За Мендух Тачи случувањата во Куманово биле меѓуетнички

Ситуацијата во Македонија е многу лоша и на политички план треба многу бргу да се дејствува, изјави лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, на прес-конференција, во врска со настаните во Куманово. Според него, што поскоро треба да се отвори нов дијалог меѓу Албанците и Македонците, а главниот приоритет да биде евроинтеграцискиот процес на Македонија и правата на...

Маратонот, трибини, концерти и натпревари настрадаа поради Куманово

Поради актуелната безбедносна ситуација и случувањата во Куманово за време на викендот, откажани и презакажани се повеќе настани и манифестации. ВМРО-ДПМНЕ за недела, 10 мај, имаа закажано голем народен собир во Велес, но поради безбедносната ситуација, партијата го откажа собирот. Поради безбедносни причини откажан беше и Скопскиот маратон, што требаше да се одржи во недела со почетокот во 8.45 часот, а...

Вајгл: Куманово е кулминација на политичката криза

Постојаниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, изјави дека запирањето на политичката криза и на насилството во Македонија е услов за земјата да добие позитивен извештај. Вајгл, за „Словенечката телевизија“, рече дека се очекува ЕИ во следните неколку дена да конкретизира што би можела да ѝ понуди на Македонија за да ја стабилизира состојбата, додека македонските власти мораат конструктивно...

Семејствата на загинатите полицајци ќе добијат по 70.000 евра отштета

Финансиски надомест од 70.000 евра ќе им се додели на семејствата на загинатите припадници на полицијата, одлучи Владата на седница што се одржа во понеделникот вечер. Најтешко ранетиот полицаец ќе добие финансиски надомест од 40.000 евра додека, пак, на четирите полицајци кои се тешко повредени и се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување, а се под интензивно лекување, ќе им се...

Општина Прилеп им изрази сочувство на семејствата на загинатите полицајци

Пo немилите настани што се случија вчера во Куманово, во кои загинаа осум полицајци, со порака на сочувство до семејствата на загинатите полицајци се огласи и Општина Прилеп. „Со длабока жал и тага ја прифативме веста за загинатите и повредени припадници на безбедносните сили. Општина Прилеп им изразува сочувство на фамилиите на загинатите херои, кои се наша гордост и секогаш ќе...

Мирен собир пред Владата, се делеа цвеќиња и се палеа свеќи во чест на загинатите полицајци

Граѓани и активисти вечерва, на вториот ден на жалост, одржаа мирен собир пред Владата, со кој оддадоа почит на загинатите полицајци во вооружениот судир во Куманово. Тие пред Владата се собраа со цвеќиња и со запалени свеќи. Дел од активистите со креди ги напишаа имињата на загинатите полицајци, а потоа ги оставија цвеќињата и свеќите запалени во нивна чест. Дел од...

МВР објави уште една видеоснимка од полициската акција во Куманово

Министерството за внатрешни работи објави уште една видеоснимка од вчерашната акција за разбивање за терористичката група во кумановското Диво Насеље. https://www.youtube.com/watch?v=-FZu_DEPqxw

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...